Кој е тука загрозен?

23.01.15 12:41

Повеќе ЛГБТИ активисти и нивни поддржувачи вчера протестираа пред Основното Јавно Обвинителство во Скопје поради молкот на институциите за насилството и дискриминацијата врз ЛГБТИ заедницата.

Активистите потсетија дека поминаа повеќе од две години од првиот напад на ЛГБТИ Центарот за поддршка, а сторителите уште не се најдени. Сè уште не се најдени сторителите на низата други напади на ЛГБТИ Центарот за поддршка и на активисти, ниту пак се најдени напаѓачите на кафе барот „Дамар“. За ниту еден од овие случаи, како и за случаите на хомофобичен говор на омраза, Јавното Обвинителство досега не презело соодветни мерки, велат од организациите.

„Кој е тука загрозен? Бракот како институција или маргинализираните припадници на ЛГБТИ заедницата?“, прашуваат демонстрантите.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото