Апсурдите на Министерството за култура

24.01.2015 14:03
Апсурдите на Министерството за култура

„Палечка“ е единствениот проект на Буден Театар поддржан од Министерството за култура, поддржан со 100.000 ден, кои пак пристигнаа со девет месеци доцнење, кога јас веќе бев замината на постдипломски студии во Прага. Но претставата, според нив, сепак требаше да се случи навреме. Не се случи навреме. Си плативме казна за доцнењето. Казната за доцнење е унифицирана, без разлика дали си добил илијадници евра за проектот, или 1.500 како ние. Таа изнесува 700 евра. Потоа ја направивме претставата.

Како се прави претстава за тие смешни парички, кои во меѓувреме се преполовија поради платената казна за доцнење? Се прави како и сè што досега сме направиле, волонтерски. Последната рата, десетте проценти кои се добиваат пo завршувањето на проектот, Mинистерството никогаш не ни ги исплати. Проектот „Фенер“, фестивалот за куклен театар беше одбиван од Министерството неколку години, пред да решиме да го направиме од свој џеб. Беше одбиван и откако го направивме. Беше одбиен и сега, и покрај двете успешни изданија. И ништо чудно. Чудно е известувањето кое го добивме, во кое ни ја образложуваат причината поради која сме повторно одбиени. Таму пишува дека сме одбиени поради незавршени обврски кон Министерството во врска со друг проект. Единствен проект на Буден Театар во кој инвестирале е „Палечка“, и во тој проект ние немаме незавршни обврски кон нив, нашите обврски завршија со реализираната премиера во Октомври 2013, нo тие имаат незавршени обврски на исплата кон Буден Театар. Во секој случај ќе Ви бидам благодарна за споделувањето на овој пост. За Министерството за култура очигледно проектите на Буден Театар се невидливи и непостоечки. Па еве, нека постојат барем малку на вашите ѕидови.

Извор: Фејсбук профилот на авторката

ОкоБоли главаВицФото