Дали сте слушнале!

25.01.2015 15:30
Дали сте слушнале!

Дали сте слушнале за сликата на Дедо Мраз која е толку реалистична што мораат секој месец да ја симнуваат од ѕидот за да го потшишаат старецот и да му ја поткастрат брадата?


Дали сте слушнале за каратистот што шлапнал мува на сопствениот тил и си го скршил вратот?


Дали сте слушнале дека еден човек доживеал сто години благодарение на печурки? Никогаш не ги јадел.


Дали сте слушнале дека триесеттата година е најдоброто доба за жената? Особено ако има четириесет.


 Дали сте слушнале дека уште никој не се пожалил поради неотворен падобран?


Дали сте слушнале за човекот што толку длабоко верувал во реинкарнација што со тестаментот целиот свој имот си го оставил себеси?


Дали сте слушнале за глупакот кој немилосрдно уништувал кртови закопувајќи ги живи?


Дали сте слушнале за младиот и згоден интернист кој е толку вообразен што кога и да им мери пулс на жени, минусира десет отчукување на сметка на својот шарм?


Дали сте слушнале за стариот додворувач кој на терасата на еден приморски хотел ѝ предложил на згодна девојка да се качи со него в соба за да му помогне да го напише тестаментот?



Дали сте слушнале за Шкотланѓанецот кој го терал синот да оди со што покрупни чекори за помалку да ги троши чевлите?


Дали сте слушнале за најновиот модел на Ролс-Ројс со подвижен покрив? Штом дождот ќе почне да паѓа, се притиска едно копче, но не се навлекува покривот, туку се сопира дождот.


Дали сте слушнале дека во Северното море една ноќ била толку студена што капетановата сенка се замрзнала на палубата?


Дали сте слушнале за подрумот што бил толку влажен што кога поставувале стапица за глувци ‒ фаќале крапови?


Дали сте слушнале за средство за смирување кое не ве смирува, но ве прави задоволен поради напнатоста?


Дали сте слушнале за глупачата која полевала цвеќе со празна канта, оти било вештачко?


Дали сте слушнале за парфем што е толку ефикасен што смеат да го употребуваат само жени што знаат џудо?


Дали сте слушнале за цигарите кои се толку благи што морате да се огледувате за да видите дека пушите?


Дали сте слушнале за учителката која на своите ученици им рекла да го напишат своето име, но без препишување од другите?


Дали сте слушнале за муштеријата кој, после бричење, го замолил невештиот бербер за чаша вода, за да провери дали грлото не му е прецвикано?



Дали сте слушнале за пациент кој дошол само да му го истушираат забот, но барал да биде изложен на анестезија оти не можел да ја поднесе фацата на својот забар?


Дали сте слушнале за будалата кој на панаѓур платил за да му ги прочитаат мислите, но после му ги вратиле парите?


Дали сте слушнале за нуркачот кој работел на сто метри под површината на морето, кога од бродот му јавиле: „Брзо качувај се! Тонеме!“?


Дали сте слушнале за човекот кој е толку досаден што со него за пет минути го трошите целиот ден?


Дали сте слушнале за искомплексираниот тип кој се фали дека има најголем комплекс на пониска вредност на светот?


Дали сте слушнале за лекот што е толку силен што може да го примаат само апсолутно здрави особи?

Гифови: James Kerr

Слични содржини

Книжевност / Уметност
Книжевност / Уметност
Книжевност / Уметност
Книжевност
Книжевност / Живот
Општество / Активизам / Gif / Книжевност

ОкоБоли главаВицФото