Повик за учество на натпреварувањето A' Design Award & Competition

26.01.2015 11:26
Повик за учество на натпреварувањето A' Design Award & Competition

A’ (A-Prime) Design Award & Competition е водечко меѓународно годишно натпреварување за дизајн, при што победниците ги одредува жири комисија. Наградите на A’ Design се класифицирани во широк спектар на креативни полиња со цел да се истакнат најдобрите дизајнери од сите земји и во сите дисциплини. Пријавите за натпреварувањето се внимателно разгледувани и анонимно оценувани од влијателен жири-панел составен од искусни академици, истакнати членови на печатот и докажани професионалци. A’ Design Award & Competition ветува слава, престиж, публицитет и меѓународно признание за сите победници на A’ Design Award преку A’ Design наградата која се доделува за да се величаат наградените дизајни.

Наградата A’ Design наградата е доста посакуван и сеопфатен комплет за наградените дизајни. Таа вклучува, но не е ограничена на: меѓународен сертификат за совршенство во дизајнирањето во метална рамка, покана за ексклузивната гала-вечера во Италија, онлајн + офлајн изложба на наградените проекти, А2 постер на наградените проекти, објавување во годишното печатено издание со најдобрите проекти, специјални 3D печатени метални трофеи во луксузна црна кутија, превод на проектот на 20+ јазици со цел вистински да се допре до меѓународната публика, ексклузивно интервју со победникот, подготовка и дистрибуција на соопштенија за печат, лиценца за користење „A’ Design Award Winner Logo“ во вашата комуникација, промоција на наградените дела во илјадници други публикации, настапи во медиуми преку нашите медиумски партнери, вклучување во World Design Rankings, како и пристап до други маркетинг и ПР алатки.

A’ Design Award & Competition е формирана за промоција и за да се оддаде признание на најдобрите дизајнерски дела во сите земји и во сите креативни дисциплини. Примарна цел на A’ Design Award & Competition е да се создаде глобална свест и разбирање за практиките и принципите на добриот дизајн преку истакнување на најдобрите дизајни во сите земји и во сите индустриски полиња. Крајната цел на A’ Design Awards е да им помогне на дизајнерите и брендовите ширум светот да креираат супериорни производи и проекти кои се од корист за општеството.

A’ Design Award & Competition има филантропска цел да го напредне општеството преку проширување на границите на науката, дизајнот, креативноста и технологијата. А`Design натпреварот цели кон креирање мотивациони програми за да се поттикне и награди креативноста, оригиналните идеи и создавањето концепти во сите индустриски сектори. Логото за „Добитник на А` Design Награда“, кое го добиваат победничките дизајни, ги истакнува оригиналните, функционалните и ефикасните дизајни, кои помагаат светот да стане подобро место за живеење.

Секоја година, проектите насочени кон иновација, технологија, дизајн и креативност се наградуваат со A' Design Award. Пријавите се прифаќаат годишно до 28 февруари, а резултатите се објавуваат секоја година на 15 април. Дизајнерите ширум светот се повикани да земат учество во рангирањето преку пријавување на своите најдобри дела, проекти и производи. Пријавите се прифаќаат доколку се дизајнирани во последните 10 години.

Дознај повеќе за A’ Design Awards

Проверете ја презентацијата на A’ Design Awards: http://www.designaward.com

Поопсежна презентација на A’ Design наградите: http://www.whatisadesignaward.com

Проверете ги наградуваните дизајни: http://www.awardeddesigns.com

Пристапете кон Прес изданијата на наградуваните дела и проекти: http://www.press-kit.org

Прочитајте ги интервјуата со наградуваните дизајнери: http://www.design-interviews.com

Пријавете ги вашите дела на A’ Design Awards натпреварот: http://www.adesignaward.com/registration.php

Видете го World Design Rankings: http://www.worlddesignrankings.com

Симнете го логото на A Design Awards и Редакциските Слики: https://www.adesignaward.com/downloads.html