Откриена нова димензија на стварноста!

11.02.2010 13:41
ScratchThat.jpg

Петар Панк, од СКОПЈЕ, специјално за The Onion

Од овој необичен град минатиот пат се јавив со револуционерната космолошка вест: според истражувањата на двајца овдешни некроманти/физичари, Али Би и Али Ба (кои работат во тајната Алибабина пештера сместена под темелите на блиската и древна Јустинијана Прима), токму во Скопје (кое мештаниве колоквијално го нарекуваат „папок на космосот“) е регистрирано зрачењето на сјајот на топлиот ран космос (или бебето-космос), она зрачење кое доаѓа пред Големиот праскот.

Да потсетам што тогаш ни рече Флуктус Фруктус, локалниот пророк кого го затекнавме како ја извршува функцијата министер за наука, веронаука и земјоделство: „Кому му е гајле што се случило пред 14 милијарди години?! За нас овде тоа е ко вчера! Она што нас нè интригира е што било пред тоа. Денес гордо и со сигурност на целиот свет можеме да му соопштиме дека пред Биг бенгот постоела (ај да речеме, Република) Македонија, како зачеток (ај да речам, јајце) од кој израснале јатата галаксии во космосот.“

Откако, значи, Скопјаните (т.е. Македонците) го шокираа светот со најновата теорија за настанувањето на космосот (базирана на егзактни мерења извршени истовремено - заради компаративна контрола на примерокот - во рудникот Алшар и во живинарската фарма Белинбегово), денес пренесувам нова шокантна вест: овдешниот премиер Никола Груевски со својот живот и дело (како и со целокупната влада) влегува во потполно одвоена сфера на постоење!

Еве за што станува збор: нарекувајќи го следен логичен чекор во својата фабулозна кариера, како и пионерски потфат во полето на применетата квантна теорија, Никола Груевски, овдешниот водач и универзален естетско-научен арбитар (затекнат како привремено ја извршува работата прв министер), во понеделникот (низ устата на својот гласноговорник) ни го откри својот најнов проект: наполно одвоена сфера на постоење контролирана на субатомско рамниште.

„Изминативе две години потрошивме сто милиони долари за лицкање и шминкање на јавната слика на владата“, ни изјави гласноговорникот Ивица Боцевски (кој воедно ги води и ресорите за национална книжевност, парапсихологија и НЛО). „И каде нè одведе тоа? Сфативме: никаде! Нашата партија освои мизерни 63 пратеници, т.е. ги доби гласовите само на секој трет македонски гласач. За нас тоа е сосема неприфатливо и затоа решивме да преземеме порадикални мерки: контрола над целокупната стварност која штотуку почнуваме да ја креираме на субатомско ниво. Со помош на добрината и големината на милиот ни водач, нашиот тим од научници и посветени волонтери успеа да создаде место каде што можат да дојдат сите Македонци, за да ги споделат своите искуства, да се радуваат и да се чувствуваат сосема слободни во однос на конвенционалните закони на физичкиот космос“, рече Боцевски.

На спектакуларната прес конференција ни се обрати (со глас и слика, речиси како да е во нашата димензија) и локалниот шаман лично, премиерот Никола Груевски: „На овој субатомски проект изминативе две години деноноќно работеше целокупниот колектив на владата зајакнат со (генетски) угледните мажи од МАМУ. Тргнавме од едно микроскопско дупченце во ткивото на веќе постојната стварност – а гледајте кај стигнавме! Овој треперлив простор пред вас, од каде што ви се обраќам, засега е изолиран на подрачјето околу Јустинијана Прима (во чиишто катакомби во моментов е збутана целата наша горда научно-културно-политичка заедница), но матрицава, како што реков – а и како што тврди еминентниот Флуктус Фруктус - има тенденција на ширење и пулсирање.“

Според Боцевски, премиерот Груевски лично бил вклучен во најситните детали на планирањето, од типот на изборот на тапетите за новата просторна димензија до генетските перформанси на секој искреиран организам за кој владата смета дека ја заслужува дарбата наречена живот. „Груевски отсекогаш бил крал на својата временска отсечка, а сега станува и крал на Времето“, рече гласноговорникот Боцевски.

Боцевски не сакаше да открие колку пари потрошила владата за да ја создаде специјалната димензија која ќе ја вшмука, за почеток, целата територија на Република Македонија, но откри дека самитот на шаманите (едно од владините тела) патентирал неколку честици наречени грујони, ставрони, славони и гордани. Боцевски додаде: „Сеедно дали станува збор за најнова образовна кампања од типот ’Знаењето е ноќ’, или за најнова истовремена победа над сиромаштијата & Грција, или за враќање на достоинството на македонскиот народ, или за терање на црвоточината низ повеќедимензионалното ткиво на простор-времето со цел да се овладее со сопствениот космос, Груевски уште еднаш покажа дека ниедна препрека не е доволно голема.“

Иако тврди дека повеќето стандардни космолошки принципи (од типот на Хојловата теорија за постојаната состојба на космосот или релативистичката дилатација на времето) на ист начин ќе функционираат и во матрицата „Грујоленд“, Боцевски е убеден дека новата стварност ќе овозможи постигнување на некои работи „кои до вчера едноставно не беа можни“ во тридимензионалниот свет на смртниците. „Откако докажавме дека пред-космосот потекнува од Македонија, со најновиве продори зад завесата на просторот, ги укинуваме неодреденоста и неопределеноста како на субатомско така и на психолошко рамниште: идентитетот веќе не е проблем, паѓаат во вода сите анахрони расправи за јајцето и кокошката, оти, пред сè и над сè, сите ние сме Македонци!“, елиптично резимира Боцевски.

Наспроти главно мошне позитивните реакции, некои ретки овдешни изроди предупредуваат дека „Грујоленд“ како цврст приказ на нестабилните полиња на веројатност би можел да се одвои од своите самопроизведени темели и дека преку другите галаксии одново ќе се пресели во нашата. „Ако тоа се случи, целата позната материја во космосот истиот миг ќе експлодира“, ни рече за крај Ентелехија Икс, професорот по квантна механика од институтот за паралелни димензии „Контрапункт“.

слики: Dave Barnes

(текстот е објавен во „Утрински весник“ на 24.06.08.)

револуционери а никогаш не

револуционери а никогаш не излегле на улица да застанат заедно со обичните луѓе кои ги бранат и последните вистински вредности mcp 70-536 dumps н ова општество. Телевизиите убиваат, со нарачани анкети, чудни дебатни емисии, тенденциозни новинари. А заслепеноста на оваа владејачка гарнитура за вакви грандиозни програми, во време кога јадрото на овој народ гладува, кога 640-863 други работи треба да се приоритет е исто толку чудесна и нејасна. Одеднаш дојде часот да се надополни сето пропуштено и срушено, да се надомести, да се ископа и изгради. Ми пречи тоа форсирање, тие непромислени и избрзани потези, потребата да се прави “по наше“, па нека скокаат и негодуваат другите колку сакаат. “Татковината се брани со убавини“ - ќе рече еден познат српски автор, но убавините јас ги гледам преку форсирање на јазикот и културата, како што беше искажано во еден коментар на овој портал, бидејќи она што нè разликува од останатиот свет, 642-062 што нè прави уникатни е јазикот, културата, уметноста, литературата. Не знам само дали овие текстови ги чита некој од оние што се креатори на сите овие проекти, дали ја вреднува оваа мисла, дали го почитува гласот 642-105 и на другиот, кој има различен став?! Да ја користиме главата за мислење, а не за удирање в ѕид со неа...

ОкоБоли главаВицФото