Нема бесплатен ручек

28.01.2015 02:05
Нема бесплатен ручек

Затворена е - повторно - народната кујна која работеше во црквата „Свети Петар и Павле“ во скопската општина Ѓорче Петров во која бесплатен оброк дневно добиваа околу 150 сиромашни луѓе. Пред неполна година беше затворена и кујната во „Св. Петка“, црква во непосредна близина на зградата во која живее премиерот.

Така во изминатава година во земјата, чија економија беше втора по раст во Европа, се затворија две кујни. Сосема логично и за очекување е како што се подобрува бизнис-климата, расте бројот на странски инвестиции и се отвораат работни места, така да се покачува стандардот и да се подобрува живеачката на народот. Во тој контекст, исчезнувањето на кујните, на тие институции, кои се симболи за крајна немаштија, треба да биде радосна вест и да се земе како уште еден непобитен доказ за просперитетот на земјата.

Но, и во овој, како и во многу случаи, розовата слика што ја продава власта за економските и за другите успеси немаат никаква врска со суровата реалност во која се обидуваат да опстанат граѓаните. Значи, народните кујни се затвораат не како резултат на благосостојбата што ја донесе економскиот раст, туку како последица на уште поголемата мизерија од незапирливото тонење на земјата во општа беда – и материјална и духовна. Кујната во Ѓорче Петров е затворена не затоа што луѓето сега има што и каде да јадат (еднаш во денот), туку затоа што шпоретите се распаднале и станале неупотребливи. Тоа, се разбира, воопшто не значи дека проектот „Народни кујни“, што го спроведува народниот режим не е успешен.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња

Слични содржини

Ирена Цветковиќ

ОкоБоли главаВицФото