Исповед за една стварност

31.01.2015 22:54
Исповед за една стварност

Во не толку далечната 1993 година кога сум се родил индустрискиот комплекс каде што работеле татко ми и мајка ми отишол под стечај. Кога се роди сестра ми, пак, се сеќавам јасно дека и остатоците од фирмата отидоа во стечај.

Кога тргнав во забавиште (2000) се воведе ДДВ-то и многу работи што до тогаш ни беа ептен евтини, некако набрзо станаа поскапи.

Кога во прво одделение требаше да си го земам моето прво Свидетелство Републиката беше во граѓанска војна, татко ми на воена регрутација, куќите на моите соседи запалени, а јас и мајка ми отидовме да и’ подарам букет со цвеќиња на мојата учителка.

Кога тргнав трето одделение фирмата каде што најде работа татко ми се затвори.

Кога тргнав петто одделение и конечно собрав храброст да одам сам на заболекар, матичната докторка ми кажа дека со новиот закон стоматолошките услуги не се веќе јавно здравство и согласно тоа требаше да платам 250 денари за мојата Hellio бела пломба.

Само што сфатив дека поправањето на заби ги чини моите, а и мене, се приватизира Електростопанство на Македонија.

Додека се привикнавме на новите цени на струјата, телефонските линии поскапеа за 200%.

Кога тргнав в Гимназија поскапе и водата во Битола за 200%. Се запишав на факултет, пред да дојдам во Скопје, каде што мислев ќе имам повеќе слобода и некој денар плус за мене ја поскапеа електричната енергија за 30% и ја исклучија евтината тарифа.

Сега веќе трета година сум овде, почнаа да апсат, да убиваат и да се закануваат. Јас се извинувам, но мислам дека од ќутење во последниве 25 години сме го допреле дното на гомнаријата. Или конечно сите заедно ќе станеме против овие или да продолжиме да јадеме гомна и да не се жалиме.

Извор: Фејсбук профилот на авторот