Што слушнав јас во обраќањето на Никола Груевски

02.02.2015 13:58
Што слушнав јас во обраќањето на Никола Груевски

1. Дека претседателот на опозициона партија отишол на разговор кај него (во неколку наврати). Заклучок - се обидел да воспостави дијалог.

2. Дека во текот на тие разговори му укажал на сознанија за можен сторен криминал од страна на високи функционери во власта.

3. Дека Груевски, како премиер на државата воопшто не обрнал внимание на овие укажувања и не ги активирал институциите на системот да ги истражат презентираните наводи.

4. Дека Груевски негира дека функционери во власта можат да го прекршат законот и дека го промовира принципот на недопирливост и неказнивост за носителите на власта со тоа што одбива да поведе ваква постапка.

5. Дека Груевски промовира систем на казнување за секој кој ќе предупреди на можен криминал направен од страна на луѓе во власта.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Свирачиња