Потресен фотоесеј на LIFE за хероинската зависност (1965)

03.02.2015 14:02
Потресен фотоесеј на LIFE за хероинската зависност (1965)

Во февруари 1965 година, магазинот LIFE објави низа потресни фотоесеи за двајца хероински зависници од Њујорк, Џон и Карен. Бил Еприџ во текот на неколку месеци го фотографирал овој пар и нивното тешко секојдневие: од проституирањето за да дојдат до пари за дрога, преку купувањето хероин и предозирањата по кои се сместени во болница, па сè до средбата со полицијата и затворската ќелија. Придружна статија за фотографиите напишал Џејмс Милс, а овој фотоесеј требало да ѝ ја приближи на американската јавност целокупната мрачна вистина за зависниците.

За зависноста од хероин дотогаш само се шепотело, а LIFE ја донел оваа тема и приакзна во дневните соби на многу Американци.

До денес, фотографиите на Бил Еприџ добиваат пофалби поради автентичноста и силата, а комплетниот новинарски прилог ја задржал титулата на еден од најконтроверзните кои LIFE некогаш ги објавил. Делото на Еприџ и Милс послужило како основа за филмот „Panic in Needle Park“ („Паника во паркот на иглите“) во кој глумат Ал Пачино и Кити Вин.

Извор: LIFE

ОкоБоли главаВицФото