Средба

04.02.2015 14:01
Средба

Сè почесто среќавам мртви
необично се живи
устите зјапнати многу бамборат
некои од нив се пењават
ко сапун

Онојпат се сретнав со баеги мртви
редум седеа по столовите
врз лицата руменило
се смееја плескаа седеа
негодуваа стануваа
правеа лични излети

меѓу старите лешеви
се моткаа младиве
тие не знаат
растресени се
мрдаат со рацете и нозете
возат коли преземаат нови
позиции и уште топли жени

само стариот искусен покојник
ми намигна
ѓаволесто
и дури се обиде уште еднаш
да се роди
пред очите на насобраните

Препев: П. В.
ГИФовите се од филмот Бартон Финк на Браќата Коен

Ружевич на Окно

Тадеуш Ружевич (Tadeusz Różewicz, 1921-2014) пишувал песни, раскази и драми. Најпознати стихозбирки му се: Немир (1947), Црвената ракавица (1948), Пет поеми (1950), Времето што заминува (1951), Песни и слики (1952), Рамница (1954), Сребрениот клас (1955), Отворена поема (1956), Собрани песни (1957), Форми (1958), Разговор со кнезот (1960), Зелената ружа (1961), Гласот на анонимот (1961), Лице (1964), Трето лице (1968), Регио (1969). По десет години пауза ја објави книгата песни Трауматска приказна (1979), Релјеф (1991), Секогаш фрагмент (1996), Секогаш фрагмент, recycling (1998), Мајката заминува (1999), Ножето на професорот (2001).

ОкоБоли главаВицФото