„Grotesque“ поздрав од Струга!

05.02.2015 01:21
„Grotesque“ поздрав од Струга!

Активистот Димитри Голабоски од Струга, сликајќи се пред урнатиот и никогаш повторно обновен мост во неговиот град, облечен како скопскиот Прометеј во гаќи, на креативен и предизвикувачки начин ја коментира безумната и деструктивна политика на македонската власт. Двете сатирични разгледници придружени со краток текст алудираат на повеќе референци од „уметноста на политичарите“ за кои е нормално да се трошат пари на бронзен кич, а да не се издвојат средства за итни операции, каков што беше случајот и на малата Тамара од Велес

Разгледници од уметноста на политичарите

По течението на нашето време пуштивме галии кои не одат никаде, бронзени луѓе кои се движат во место.

Пловејќи, така во место, градовите ги пуштивме по текот на заборавот. а голиот срам на мртвата бронза го покривме со соголување на достоинството на живото месо.

Болката од движењето во место сакаме да исчезне препуштајќи му се на вирот по текот на илузијата.

Несвесни дека создателот на вовлечната силата на вирот е лагата и развратноста - полека отрпнуваме и забораваме дека болката која нè донесе до овој немилосрден тек, може да се победи само ако пловиме храбро по текот на реалноста.

Ајде, заедно да се извлечеме од овој вир - за да може слободно и достоинствено да запловиме по текот на своите животи!

„Grotesque“ поздрав од Струга!

ОкоБоли главаВицФото