Во посета на плакарот на Никол Кари

05.02.2015 11:41
Во посета на плакарот на Никол Кари

Никол Кари е директорка на одделот за печат и маркетинг на еден од нашите омилени брендови, Band Of Outsiders. Нејзиниот свршеник не смее да ги чува своите алишта во нејзиниот плакар.

1. Опиши го твојот личен стил.

Лесен, класичен, удобен.

2. Кои ти се омилени дизајнери?

Носам сѐ од машките и женските линии на Band of Outsiders (очигледно), модните додатоци на Celine и Chloe,  A.P.C. и Isabel Marant. Кога бев дете сонував дека кога ќе пораснам ќе носам Prada + Miu Miu, Balenciaga, Valentino и Dries.

3. Кои се твоите омилени места за купување?

Искрено, онлајн. Обично знам кои парчиња ги сакам, па морам само да ги пронајдам.

4. Кои се твоите икони во поглед на стилот?

Емануел Алт. Нејзината постојаност, едноставност и доверба ја прават толку шик. Ме потсетува на тоа дека можеш секогаш да бидеш „модерен“ на не толку очигледен начин.

5. Има ли некои клучни парчиња облека кои ги носиш постојано?

Мојата машка преголема војничка јакна од минатата есен. Одговара совршено на речиси сѐ.

6. Кое е последното парче облека што си го купила?

Морам да признаам дека имам купено повеќе парчиња во последно време! Но едно од моите омилени е винтиџ фустанот од Alaia. Сфатив дека немам „мал црн фустан“ и го сакав.

7. Имаш ли некакви приказни за купување супер парчиња облека по одлична цена?

Се мажам наредниот јуни и луѓето околу мене се навистина дарежливи со обезбедувањето врски за фустанот. Ќе видиме што ќе се случи на крај...

8. Можеш ли да ни дадеш совет за паметно купување?

Ако не сте целосно и крајно опседнати со нешто, не го купувајте. Кога и да поминам макар и секунда убедувајќи се или преговарајќи за парчето облека со себеси, најверојатно е грешка.

9. Коe е најдоброто нешто во врска со твојата работа?

Блиската соработка со Скот. Тој е најкреативната и најинтелигентната личност. Работам со него веќе пет години и идеите никогаш не запираат.

10. Кои производи за убавина ги препорачуваш?

Зборовите „производи за убавина“ ме плашат, но ги сакам овие: белите сапуни на Ланолин, лосионот за лице на Olay, лосион за тело од лаванда на C.O. Bigelow и кремата за локни на Kerastase.

11. Пет работи без кои не можеш да живееш?

ПИЦА!

Извор: closetvisit.com