Зошто СДСМ ќе мора да ги обелодени и албанските бомби?!

06.02.2015 01:39
Зошто СДСМ ќе мора да ги обелодени и албанските бомби?!

1. Затоа што секакво калкулирање за обемот и ефектите ќе ја доведе на прижелкуваната линија од Груевски кој ги класифицираше „бомбите“ во точни, делумно итн. Потоа, ако се забележи дека и обелодувањето е парцијално или калкулативно, по каква било основа, тогаш сомнежот ќе порасне во јавноста.

2. Затоа што најверојатно тие делови или цели афери ќе бидат од најсуштинските и кои можат да предизвикаат повеќе возбуда во јавноста.

3. Затоа што уште во најавата беше спомнат меѓуетничкиот аспект на најавените “бомби“.

4. Со целосно објавување ќе биде сочуван целосниот граѓански приод кон проблемот за кој генерално чинам се работи во тие афери, а тоа е украдениот државен суверенитет од граѓаните за потребите на партии, фамилија, кланови, братучеди или поединци.

5. Со целосно објавување се чува конзистентноста и доследноста на објавувачот.

6. Затоа што е актуелно и за во иднина има и други политички чинители кај албанските граѓани освен постојните ДУИ и ДПА кои можат да бидат предмет на објава на афери: движењето Беса и реформското движење на Зијадин Села.

7. Затоа што Албанците имат и трета партија – НДП, која иако освои неколку десетици илјади гласови а само еден пратеник, не ги призна никогаш последните резултати од парламентарните и претседателските избори, со што беше една од најзаслужните во додавање на кредибилитет и легитимитет на истото непризнавање на резултатите кое го застапува СДСМ.

8. Затоа што има голем број албански граѓани кои не се политички претставени, нешто што се знае, од половина гласачко тело на Албанците кои не учествуваат во последните гласања, но кои исто така ги засега ваквата кражба на суверенитетот и јавните пари.

9. Затоа што во неколку наврати голем број непартиски јавни актери, здруженија и поединци од Албанците, јавно истапиле во принципиелна одбрана на демократските начела, во заеднички отпор со опозицијата, притоа бивајќи етикетирани од страна на актуелните политички номенклатури на Албанците.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња