Каде ли заминаа сите и колку ли допрва ќе заминат?!

09.02.2015 02:34
Каде ли заминаа сите и колку ли допрва ќе заминат?!

Пред една недела ни се иселија комшиите, заминаа за Германија, моите плачеа затоа што на прошталната седенка нашиот комшија замолил да му ја пазиме куќата, одредил список на комшии и распоред кој во кој ден да му го храниме кучето и да му ја пазиме лозницата во двор да не се исуши...

 

Секогаш кога плаче мајка ми за мене е траорно искуство, како што верувам дека е случај и за сите луѓе - сите сме ранливи на чувствата на родителите. Се сеќавам, како дете кога ја гледав како плаче кога ѝ отиде фабриката во која работела од 15-годишна возраст во стечај, беше тогаш многу загрижена дали ќе има што да јадеме јас и брат ми. И со право беше загрижена, затоа што потоа животот ни стана од тежок уште потежок. Потоа сцената се повторуваше секогаш кога како дете ќе скршев рака, нога, глава, сè по ред, а ги скршив сите затоа што бев најмал во маало и сите ме тепаа или ме туркаа од потпорни, мостови, ме фрлаа од тераси, јебига, може да се каже дека израснав во македонската верзија на Харлем, најопасниот дел на Кратово со најголемите деликвенти и насилници, а изгледа и сум бил троа педерче...

И сето тоа имаше пауза од едно дваесет години, кога пред една недела по долго време ја видов мајка ми пак како плаче. Ми раскажа како комшиите дошле на проштална средба и заминале за Германија. Го оставиле кучето и замолиле да го храниме. Комшијата плачел цела вечер, се отселува човекот на 60-годишна возраст затоа што останале без приходи, а синот им се отселил за Германија и тие заминале со него за да му помогнат, да му се најдат таму, во туѓата земја...

Ебати трагедијата. Парадоксот е што тие наши комшии важеа за едни од поситуираните, имаа земја, имаа речиси најубава куќа во маало, важеа за релативно учени луѓе, а имаа и врски во општеството. Ако тие мораа да заминат во туѓина на 60-годишна возраст за да најдат егзистенција и сега на стари години мора да учат јазик и да се привикнуваат на туѓа клима, кујна, навики итн., што станува тогаш со сите оние кои се на самото општествено дно, каде ли тие заминаа и колку ли допрва ќе заминат?!

Тоа е таа трагедија: градејќи фасади, споменици, фонтани, тркала и рингишпили, талибанците ја запоставија источна Македонија, море ја запоставија цела Македонија која сега е поплавена поради негрижа за водите, реките, каналите и браните, испразнета поради масовната емиграција затоа што и во Скопје е тешко за живот, но штом ја преминете втората патарина, во секој правец на излегување од Скопје пред вас се отвора една воена зона сумрака...

Вчера по подолго време прошетав во сабота навечер во Кратово за да си купам весник во 22 часот. На мој шок градот беше празен! ПРАЗЕН! Видов вкупно десет луѓе во сабота навечер во 22 во центарот на градот?! Како е бре ова можно у пизду материну?! Па пред десет години не можеше човек да се размине од народ, ќе те прегазеа стотици млади, речиси сите мртви пијани и гласни и весели. Сега е како во оние каубојските филмови со сцените од напуштените градови во кои се тркалаат оние грмушките среде улица...

Лошо, многу лошо...

Извор: Мактел