Полицаецот и граѓанинот

09.02.2015 04:57
Полицаецот и граѓанинот

НЕВИДЕН ИМБЕЦИЛ

Судијата му рекол на осудениот убиец:

„Затворенику, имате ли да кажете нешто во врска со тоа зошто смртната пресуда не треба да биде донесена против вас?“

„Дали тоа што ќе го кажам ќе направи некаква разлика?“, прашал осудениот убиец.

„Не гледам како може“, одговорил судијата. „Нема да влијае.“

„Тогаш“, рекол несреќникот, „Само сакам да забележам дека вие сте најголемиот имбецил во седумте Држави и во Регионот Колумбија.“

 

ПОЛИЦАЕЦОТ И ГРАЃАНИНОТ

Полицаец видел човек како паѓа, си рекол „Човеков е пијан“ и почнал да го удира по глава со пендрекот. Некој граѓанин кој минувал му рекол:

„Зошто убиваш човек што веќе е беспомошен?“

Тогаш полицаецот го пуштил човекот и го нападнал граѓанинот, кој откако се здобил со неколку контузии, побегнал.

„Леле“, рекол полицаецот, „зошто не го нападнав трезниот пред да се изморам со другиов?“

Откако направил таков план, и со ентузијазам работел на тоа да стане началник, трезноста станала непозната во регионот под негова контрола.

Превод: Иван Шопов
Слика: Carol Lynn Bronte

ОкоБоли главаВицФото