Добро бе, психопати, па вие држава сте воделе или сте нè следеле туто комплето 24/7?!

09.02.2015 17:50
Добро бе, психопати, па вие држава сте воделе или сте нè следеле туто комплето 24/7?!

Ееееј! 26.000 прислушкувани граѓани! Меѓу кои политичари, новинари, судии, обвинители, адвокати, бизнисмени, дипломати, активисти, членови на влада и на партии итн. Ебати лудаците, еј! Еве која била тајната на политичкиот успех на Грујо, покрај диктатурата, поткупот и лагите со пропагандата! Практично Грујо и бате Сале знаеле точно што правиме, што мислиме да правиме, што сме направиле, што јадеме, кај сереме, кај спиеме, што нè мачи, но и кои ни се слаби точки, кои ни се силни страни, сè ЗНАЕЛЕ ЗА НАС! Баш сè!!!

Сите ние знаевме дека овие лудаци се психопати ама еве доказ и за оние кои се правеа неутралци, што сереа дека не биле овие толку лоши, дека народ ги сака?! Гледајте колку монструозни лудаци се тоа, со неограничена власт и моќ, со свои обвинители, судии, инспектори, полиција, тајни служби итн. итн.!

И сега замислете колку му било лесно Грујо да ги убеди на пребег Стевчо, Астма, Бучко и останатите, едноставно ги викнал на кафе и им рекол - секако, претпоставувам - „ало дечки глејте што имам за вас, имате евентуално швалерки, педерски сексови, оргии, секси сеанси, малку марихуана, малце ова малце она, ако не не слушаш ќе го опнеме ова на интернет и кај ќе ви биде крајот?!“

И не само тоа, самото следење на приватноста на толку многу луѓе е хорор од епски димензии! Нарушена е приватноста на цела нација и тоа од луѓе кои во исто време спроведуваат ЛУСТРАЦИЈА?! Еееј! Истиве кои сереа за Шишков и прогласуваа десетици луѓе за шпиони, самите сите нас нè следеле и нè шпионирале! Сфаќате ли вие со кого ние си имаме работа, каква багра, каков шљам човечки е ова, каква банда олошка лоповска мафијашка ни е на власт?!

И сфаќате ли сега зошто беше Грујо толку уплашен деновиве? Сфати дека е провален и дека му се ближи крајот, дека одбројани му се деновите - ете затоа!

ГОТОВО Е КОПИЛЕТО!

Слики: Свирачиња
Извор: Мактел