Илустрации на Ева Саламон за „Приказни по телефон“ од Џани Родари

10.02.2015 13:21
Илустрации на Ева Саламон за „Приказни по телефон“ од Џани Родари

Џани Родари (1920-1980) е италијански писател и новинар, најпознат по своите бројни книги за деца. За своето творештво го добива престижното признание Медал Ханс Кристијан Андерсен (1970), а според многумина, тој е највлијателниот италијански писател за деца во XX век.

Многу млади македонски читатели го запознаа Џани Родари преку книгата „Приказни по телефон“, која беше вклучена во училишната програма како задолжителна лектира. Во оваа прилика, претставуваме серија илустрации на полската илустраторка Ева Саламон (1938), која меѓу стотината детски книги што ги украсила со свои цртежи, ја вбројува и „Приказни по телефон“ на Родари. Книгата оригинално е објавена на италијански јазик 1962 година, а илустрациите на Ева Саламон се за полското издание од 1967.

Извор: fairyroom.ru

ОкоБоли главаВицФото