1007 hPa
77 %
13 °C
Скопје - Чет, 25.04.2024 17:59
Концертната изведба на францускиот мелодичен панк бенд Wank for peace ќе се одржи на 12 февруари, со почеток во 20 часот во културниот центар „Кула“ во Скопје. Имено, во рамки на нивната јужноевропска турнеја, музичката група ќе го промовира своето последно ел-пи издание (LP) Fail Forward. Со почетната концертна локација во Невер, Франција, Французите ја продолжуват својата музичка приказна во Србија, наскоро ќе имате можност да ги погледнете во скопскиот културен центар Кула.
Музичкиот панк-хард-кор бенд ја започнува својата кариера во 2008 година. Тие издаваат неколку и-пи изданија (EP) и два албуми од кои „What will remain“ е објавен во септември 2011 и „Fail Forward“ во октомври 2014 година. Во меѓувреме тие изведуваат околу 300 перформанси во локално и интернационално опкружување. Се опишуваат себеси како чувство, начин и промена на нештата преку процес на напуштање. Како и од секој свој настап, од оваа турнеја, тие неуморно очекуваат повеќе. А повеќе информации за овој музички состав, како и примерок од нивната музика, можете да најдете на следните интернет страници:
www.wankforpeace.fr
www.facebook.com/wankforpeace
wankforpeace.tumblr.com
wankforpeace.bandcamp.com/album/fail-forward
www.youtube.com/watch?v=vQ2vgboqJQM