Што шефот му рече на Том

11.02.2015 12:21

Поезија? Во ред, како хоби.
Јас пуштам детски возови.
Господин Шо одгледува гулаби.

Тоа работа не е. Не се потиш.
Никој не те плаќа за тоа.
Мислам, би можеле да пишувате реклами.

Опера, да; или песнарки ‒
Осамениот Јавач.
Ненси пееше во хор.

Но да бараш дванаесет фунти неделно
‒ оженет сте, така? ‒
храбро, нема што.

Како да погледнам во очите
на кондуктер во автобус
ако ви ги дадам тие дванаесет фунти?

И кој е сигурен дека е тоа поезија?
Мојот клинец ‒ десет години ‒
Го умее истото, и уште со рими.

Јас заработувам три илјади, плус трошоци,
кола, дневници,
да, ама јас сум книговодител.

Како што ќе речам, така прават
во моето претпријатие.
А вие, што правите вие?

Некакви кратки, па долги зборови,
нездраво е тоа.
Кога ќе сретнам поет посакувам да се избањам.

Сè се тоа комуњари, зависници,
деликвенти.
Пишувате некои скапаници.

Тоа го вели и господинот Хајнс, а тој е учител
и тој тоа секако го знае.
Туку, работа побарајте.

Препев: П. В.

Бејзил Бантинг (Basil Bunting, 1900-1985), англиски модернистички поет. Иако поезија објавувал од 1930, на книжевната сцена всушност стапил по Втората светска војна, кога стекнал углед и име. Целиот живот му бил проткаен со длабок интерес за музиката - што се чувствува и во музикалноста на неговата поезија. Од тие причини мошне му било важно читањето на сопствената поезија, за што бил мајстор.

Оригиналната песна

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото