Промоција на книгата/зборник „Грамофонот како метаинструмент: од механичка репродукција до ремикс култура“ од Вангел Ноневски

11.02.2015 14:36
Промоција на книгата/зборник „Грамофонот како метаинструмент: од механичка репродукција до ремикс култура“ од Вангел Ноневски

Место и време: клуб Менада, среда, 11 февруари, 21 часот

Книгата/зборник „Грамофонот како метаинструмент“ (420 стр.) на Вангел Ноневски претставува уникатно издание, во кое во една книга се споени авторски труд и зборник од текстови, кои анализираат и раскажуваат иста приказна на различни начини. А приказната се однесува на преминот на грамофонот од пасивно средство за механичка репродукција на музика, во активен инструмент наменет за манипулација на звуци произведени на други музички инструменти. Тој временски период од околу стотина години започнува, најпрво со пронаоѓањето на грамофонот-фонограф кон крајот на XIX век, продолжува со првите дада експерименти со музика снимена на грамофонски плочи во 1920-тите години, со појавата на DJ културата во Њујоршката населба Бронкс во 70-тите години на XX век, продолжува со експлозијата на семплувањето во 80-тите и 90-тите години, за конечно денес да кулминира во ремикс културата и интерактивните уметности.

Промотори:

Иван Џепароски – редовен професор по естетика на Филозофскиот факултет во Скопје

Костадин Шурбановски – долгогодишен организатор на музички настани, радио водител и диџеј

По промоцијата настап ќе има DJ Fluid

Промотивна цена на книгата: 300 денари