Лоши насоки

15.02.2010 11:36
losi-nasoki-15-02-2010.jpg

интервју со Георги Константиновски, архитект

Георги Константиновски (78) е еден од најпознатите архитекти-проектанти што оставил длабоки траги во македонското архитектонско творештво. Архивот на Скопје, студентскиот дом „Гоце Делчев“, ИЗИИС, палата „Унија“, палата „Кузман Јосифовски-Питу“, потоа Спомен-домот на Разловечкото востание и архивите во Охрид и во Штип, се делата што ја отсликуваат неговата естетска, архитектонска и градителска големина. Автор е на три капитални книги „Градителите на Македонија“. Професионалниот живот на Константиновски е нераскинливо врзан со Архитектонскиот факултет. Се вработил како 18-годишно момче кога е отворен факултетот во 1949 година и за сите овие години низ неговиот кабинет дипломирале илјадници студенти. Во пензија е од 1995 година, но и натаму е најредовниот професор на факултетот. Моментално се занимава со хибернетички систем на проектирање футуристички, но објекти реални за изведба.

Во кој правец, според Вас, се движи архитектурата во Македонија?

- Македонската архитектура, денеска, општо земено, се движи во погрешен правец. Погрешен зашто оваа архитектура што сега се произведува не е одраз на современата светска архитектурата, туку повеќе е одраз на некакви индивидуални замисли на архитектите кои не се вклопуваат со она што се случува во светот. Како пример е улицата „Партизанска“, на која може да се видат објекти кои немаат никаква врска меѓу себе, а целата улица како композиција е дури смешна. Во европските градови постои хармонија на објектите, улицата е пријатна, а секој објект со другиот се „држи“ и иако се разликуваат еден од друг, сепак, меѓу себе се поддржуваат во поглед на височина, на примена на материјал, на естетско обликување на фасадата...

Македонската архитектура оди во сосем погрешен правец со таканаречената антиквизација. Со копирањето антички стилови во ниеден случај не може да ја достигне архитектурата која била порано. Бидејќи, секоја копија е имитација, не е оригинална работа. Ако сакаме да измислиме македонска, национална архитектура, ова е комплетно погрешно и за мене глупаво. Големото мајсторство на архитектите е тоа што секој архитект треба да тежнее да направи архитектура која ќе ги надмине досегашните максимални остварувања во современата архитектура. Тука е големиот потег на архитектот, а не во копијата.

Значи, Вие сте против примена на антички елементи во македонската архитектура?

- Јас сум комплетно против антиквизацијата на македонската архитектура. Па и Грците, од каде што произлегува таа архитектурата, не ги прават тие глупости. Под самиот Акропол изградија најмодерен музеј во кој ги изложуваат своите антички предмети. Значи, не прават имитација на нивната античка архитектурата, туку современа архитектура и за тоа ангажираат врвно име однадвор. Денешниот архитект треба да биде над денешното време за да создаде нешто што ќе остане за во иднина, а не да се враќа во античко време.

Не се враќаме само во античко време, туку и во поновата историја, бидејќи се градат објекти со лушпа на старите градби!

- Тоа е ехо на старата архитектура, на времето кога се градеше театарот, Офицерскиот дом, банката. Во тоа време таа архитектура беше современа и врвна. Театарот беше граден многу години со врвен стил и на него работеа шестмина архитекти. Банката беше од еден многу познат белградски архитект. Но, со сегашната архитектура на некогашната банка се прави карикатура од објектот. Не личи на ништо.

 

Дали изгледот на објектот е дело на самиот архитект или, пак, е наметнат од инвеститорот? Кој одлучува како ќе изгледа објектот?

- Не сакам да ги критикувам многу архитектите. Тие можеби и не се толку виновни, оти им се наложува така да проектираат. Кога работат за државни институции, им се наложува во проектот да се вметне нешто античко.

Зошто не се спротивстават?

- Прво, денешните архитекти кои се сега како водечки, во однос на она што го поседуваме како квалитет, всушност, се архитекти на трето или четврто ниво, не се прва, па ни втора класа архитекти. Не се толку познати, претходно се занимавале можеби со ентериери, а сега стануваат главни архитекти зашто се блиски можеби по партиска линија на денешните власти што влијаат на архитектурата и инсистираат на антика. Сега на тие архитекти им се дава шанса да изведуваат објект. А, тој како архитект, сака да дојде до израз, да избие на површина. Можеби и толку умее. Затоа се такви објектите. Особено оној на Вардар со полулачни форми на прозорци, што не можам да го сместам во некој архитектонски стил, освен во стилот на глупоста. Ние Скопје сега го упропастуваме со новите градби. Наместо да чекориме напред со новите градби паралелно со светската архитектура, се враќаме назад и правиме глупости.

Тогаш каде е грешката, во конкурсите, во изборот на решението или, едноставно, толку знаеме?

- Наместо да се распише интернационален конкурс за да се добие вредно дело, ние се залажуваме. Се распишуваат интернационални конкурси, па се изигруваат странците, се става жири-комисија која воопшто не е достојна да ги оценува оние од конкурсот. Оние што седат во оценувачката комисија, во најмала рака, треба да бидат на рамниште на учесниците, а нормално би било да бидат една скала повисоко за да можат да оценуваат. А, тие се тотално непознати луѓе, вработени во министерствата. Затоа ни е градот таков каков што ни е.

Но, Градот има проблем и со урбанизмот. Кој ја крои урбанистичката иднина на градовите?

- Урбанизмот е во најголем колапс од кога постои државата, зашто ние моментално немаме стручњаци урбанисти, туку според тоа како се однесуваат кон просторот, тоа се приучени урбанисти. Она што се случува во Скопје се пресликува и во помалите градови. Порано Скопје важеше за еден од најубавите градови во поранешна Југославија, некои дури сметаа дека е поубав и од Сараево. Тоа беше во 70-тите и 80-тите години, кога беше процутот на македонската архитектура. Градот беше прекрасен, на него работеа големи светски архитекти урбанисти, со визија. Денеска ништо од тоа не се почитува.

Дали Скопје ќе било поубаво доколку се почитувал предлогот на Кензо Танге и она што било предвидено со првиот ГУП изготвен од првиот градоначалник Јосиф Михајловиќ?

- Јосиф Михајловиќ во своето време беше прогресивен архитект, кој направи многу за Скопје, можеби најмногу од сите други градоначалници. Но, не можеме да кажеме дека од негово време можеме сега да аплицираме нешто како идеја, зашто сме отидени напред во развојот на цело општество. Но, многу работи од она што се работеше по земјотресот, од големите стручњаци како што е Танге, требаше да се почитуваат. Еден од главните елементи е Јужен булевар, а таму сега има сервиси за миење возила и други објекти. Таа магистрала ќе значеше многу за Скопје, беше стратегиска сообраќајница. Ако се случи каква било несреќа и да треба да се евакуира градот, нема каде, бидејќи градот е блокиран. На тоа не се размислува воопшто.

Како ги коментирате објектите што се предвидени да се градат на плоштадот, црква, фонтана, скулптура, катна гаража, хотел...

- Тоа е сè моментален излив на некакви амбициозни замисли и проекти, кои воопшто не се природни и поврзани со реалноста на нашиот живот.

Но, тие замисли кога-тогаш ќе станат реалност.

- Најголемата трагедија ќе биде кога ќе станат. И со урбанистичкото решение на Кензо Танге и плоштадот и крајбрежната зона беа решени, само не се почитува тоа. И студентите што се побунија не се бунеа поради црква, туку поради објект кој не соодветствува во таа зона. Сега слушам ќе се враќале коцките. Тоа, исто така, е голема глупост. Не знам кој е интересот да се урива ова прекрасно поплочување на плоштадот и да се воведуваат коцки од турскиот период. Правење објекти кои биле порано е уништување и упропастување на плоштадот. Искрено, не гледам дека може да се спаси плоштадот. Нема никаков план, нема идеја за согледување на иднината. Живееме во чуден период од архитектонска гледна точка. Катастрофална грешка е што се дозволи да се менува ГУП спрема потребите на општините. ГУП се менува на десет, дваесет години и секој ДУП мора да се приспособува кон него. Сега, секој градоначалник си дава за право да прави што сака, како од него да почнува се'. Тие луѓе треба да се земат на одговорност поради тоа што преземаат погрешни потези што го уништуваат градот.

Кој да ги земе на одговорност? Архитектонската фела е безгласна, нема никаква реакција ниту од Сојузот ниту од Академијата на архитекти!

- Точно. И јас сум и во Сојузот и во Академијата. Зошто се случува тоа? Едноставно, земете го примерот со студентите што излегоа на плоштад и беа тепани. Секој архитект се плаши да го изрази своето мислење. Не знам дали ќе има некакви последици сега за мене или за моето семејство. Но, не можам да останам рамнодушен на ова што се случува. Јас сум длабоко засегнат од тоа.

По сето она што се прави во Скопје дали мислите дека има спас за главниот град.

- Мислам дека има. Треба народот да тргне и да го запре ова. Само народот, нема кој друг. Полицијата е во рацете на власта, значи на оној што го прави ова. Треба на некој начин и меѓународната заедница да биде информирана. А, сигурно е информирана, затоа не ни се испраќаат позитивни сигнали, само негативни забелешки добиваме.

текстот е преземен од „Утрински весник“ од 31.12.09.

сликите се земени од фејсбук групата „Скопје 2014! Не, благодарам!“, достапни на овој линк.

Без да го навредам

Без да го навредам господинов, но Ве молам - До кога ќе чекаме некој друг да ни го исчисти дворот?
Народот на кој се повикувате ги помни (со споменици) хероите, храбрите, загинатите за заедничките идеали, а на кукавиците им остануваат колумните како поминк за нивната борба.
“..Секој архитект се плаши да го изрази своето мислење. Не знам дали ќе има некакви последици сега за мене или за моето семејство. Но, не можам да останам рамнодушен на ова што се случува. Јас сум длабоко засегнат од тоа....“
“...Треба народот да тргне и да го запре ова...“
“...Треба на некој начин и меѓународната заедница да биде информирана...“

http://www.globusmagazin.com.

http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=C18D740B2343534A8B173AAD06639F3A
Апропо темава, уште едно интервју од пред година дена
 

Секоја чест на професорот.

Секоја чест на професорот. Имам само една критика.
 
Учените луѓе кај нас (што навистина нешто разбираат), многу често паѓаат во стапицата на преголемото интелектуализирање. Помпезниот јазик кој го користат, високоинтелектуалистичната форма, проткаена со обскурни референци кои му се јасни само на стручен или барем дебело начитан човек, формира бариера низ која ретко кој тунелира.
 
Тие што ја поминуваат таа пречка, обично веќе се разумните, трезните и будните на кои одамна им е јасен проблемот.  Така да, добиваме послание до убедените, и тој текст со тоа ја губи својата функција и постои само сам заради себе и за меѓусобно ламентирање..
А после се чудите зашто народот вика „браво бе Грујо“. Та само Грујо и нему сличните ги разбира, затоа што го говорат неговиот јазик. Против ова уште Кирил и Методиј се бореле. Знаеле дека слабо ќе оди со евангелието, ако никој не го разбира
Научниците и академците, општо, ја прават класичната грешка која ја направија пред нив религиите, а тоа е покривање со велот на мистичноста и недостапноста, сакајќи притоа да инспирираат почит и покор. Така добиваме само нови врачеви и бајачки, кон кои неукиот народ гледа со подотворена уста и чека нешто да изврачаат и избајаат, за конечно да му тргне на подобро.
 
 Ако сакате да градите функционална демократија, што јас лично мислам дека е оксиморон и Exercise in Futility(едното до другото едноставно не стојат), симнете се од својaта возвишена катедра, и приближете се кон тој „прост“ народ.

Единствен лек за нас е тотална меритократија, како во Кина што имало на времето (па дури во одредени периоди и простори и нашето Отоманско царство), каде што секој бирократ морал да помине екстензивен тест, за да се проверат неговите интелектуални способности. Да ги отфрлиме дипломите како нешто незначајно, затоа што поминаа низ голема инфлација, полоша од онаа во Кенија и фино-лепо да се искочи на мегдан и да се види кој што разбира. 
 
Тие што се безврска (но многу од нив со дебела врска) таму, и реално гледано дел од неписмените маси (писменоста одамна треба да се редефинира) кои го кочат прогресот на нацијава, ќе најдеме и за нив работа, ни опустеа селата, нивите, фабриките. Ќе станат корисни граѓани.
 

коља другарче не си нормален.

коља другарче не си нормален. конструкциите се неверојатни и дедово е репер нема што. се плашел од последици по неговото семејство lol.
дајте еден reality check, не е нормална атмосфера која сакате да ја наметнете, едноставно не сте нормални.
затоа барем кај мене идете на ignore и тоа на долго, долго време. 

Анонимен, а што е репер и

Анонимен, а што е репер и авторитет за тебе?
Вангел Божиновски, чие дело е Дизнилендон пред Дом на АРМ кој го доби на наместен „меѓународен“ конкурс. А, СК2014 го бранеше со изјави од типот „барокот, како архитектонски стил потекнува од Античка Македонија“. Или Јован Стефановски - Жан и неговиот прекрасен и функционален „Влајко“. Или да го прашаме Горазд Чаповски и Аљоша Симјановски (Мерил Стрип ќе му се уклапала у новиов лик)? Крах.

Келепур, може референци до

Келепур, може референци до некоја изјава или интервју од Божиновски, каде навистина тврдел дека: „барокот, како архитектонски стил потекнува од Античка Македонија“?
 
Ова чисто за да не се фатиш сам во тенденциозна парафразирана лага. Се надевам дека ќе ископаш линк. :D

Келепур, ви благодарам за

Келепур, ви благодарам за линкот до интервјуто на Вилиќ во Глобус. Почнавме да работиме на книга, документирање на историјата на бесчестието СК 2014. Така што, добро ќе дое тоа интервју (го памтам, впечатливо беше:). Ако ви текнат и други линкови и предлози - однапред сме благодарни, ко редакција!:))

Браво, книга! :D   Со здравје

Браво, книга! :D
 
Со здравје да оди продажбата, големи пари да спечалите или па, да ви се исплати грантот кој ќе ви биде одобрен! Следно, се надевам дека ќе биде издадена книга и за споменикот за Скендербег, за (без)правното узурпирање на општински простории и нивна трансформација во џамии (се извинувам ако „оној“ дел на градот според вас не е Скопје исто така), како и за бојата и дезенот на чорапите на нашите доајени од МАНУ (замислете каква тоа слика оддаваат за нашево поднебје пред странците! Што ли ќе си помислат! Крах!).
 
Многу среќа во профитерството од „кризиве“, ви посакувам огромен тираж (кој со оглед на поддршката што ја уживаат Вашите ставови, би требало да биде феноменален)! :)
 
А, да: и како повремен посетител на Окно.мк и драг ем мил коментатор, очекувам да добијам една копија гратис. :D
 
 

   Psy-Ops In Guerrilla

 
 Psy-Ops In Guerrilla Warfare: CIA Training Manual

CONTENTS

*

Preface 
*

Introduction 
1. Generalities 
2. Combatant-Propagandist Guerrillas 
3. Armed Propaganda 
4. Armed Propaganda Teams 
5. Development and Control of the "Front" Organizations 
6. Control of Meetings and Mass Assemblies 
7. Support of Contacts with Their Roots in Reality 
*

Combatant-Propagandist Guerrilla 
1. Generalities 
2. Political Awareness 
3. Group Dynamics 
4. Camp Procedures 
5. Interaction with the People 
6. Conclusions 
*

Armed Propaganda 
1. Generalities 
2. Close Identification with the People 
3. Implicit and Explicit Terror 
4. Guerrilla Weapons Are The Strength of the People over an Illegal 
5. Selective Use of Violence for Propagandistic Effects 
6. Conclusions 
*

Armed Propaganda Teams (APTs) 
1. Generalities 
2. Combination: Political Awareness and Armed Propaganda 
3. "Eyes and Ears" Within the Population 
4. Psychological Tactics, Maximum Flexibility 
5. A Comprehensive Team Program - Mobile Infrastructure 
6. Conclusions 
*

Development and Control of Front Organizations 
1. Generalities 
2. Initial Recruitment 
3. Established Citizens, Subjective Internal Control 
4. Organizations of Cells for Security 
5. Fusion in a "Cover" Organization 
6. Conclusions 
*

Control of Mass Concentrations and Meetings 
1. Generalities 
2. Infiltration of Guerrilla Cadres 
3. Selection of Appropriate Slogans 
4. Creation of Nuclei 
5. Ways to Lead an Uprising at Mass Meetings 
6. Conclusions 
*

Massive In-Depth Support Through Psychological Operations 
1. Generalities 
2. Motivation as Combatant-Propagandist 
3. Armed Propaganda 
4. Armed Propaganda Teams 
5. Cover ("Facade") Organizations 
6. Control of Mass Demonstrations 
7. Conclusion 
*

Appendix 
1.
2. The Audience 
3. Political Oratory 
4. Qualities in a Speech 
5. Structure of a Speech 
6. Some Literary Resources

Господинот Константиновски е

Господинот Константиновски е во право во повеќе од поентите изнесени овде, но според мене не е најмеродавниот "експерт" за коментирање на оваа тема... бидејќи и неговите "капитални" дела (студентскиот дом, архивот и.т.н) се сомнителни од архитектонски аспект!

 

Еве уште неколку текстови во

Еве уште неколку текстови во врска со 
архитектонскиот терор:
http://architect.mk/intervjua/511-boris-cipan-kakva-vlast-takva-arhitektura
http://www.reper.net.mk/statija.php?ID=40
http://utrinski.com.mk/?ItemID=BCA443501965D24FAD5113822785949E
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=28101527426&id=13&prilog=0&setIzdanie=21905

Побарајте го и интервјуто со Борис Чипан 
во неделникот „Сега“; за жал нема 
електронска верзија.
Побарајте го и интервјуто со Мирослав 
Грчев од април или мај, 2007 година во 
неделникот „Глобус“; (во архивата на интернет-изданието ги 
нема броевите пред јули, 2007).
 

Браво за сите три

Браво за сите написи.
Само што сега ми паѓа уште повеќе жал, што гласот на разумот е немоќен и непослушан. 

Многу благодарам, Келепур! Ќе

Многу благодарам, Келепур! Ќе бидат тоа добри книгички (две, сеа за сеа, една интервјуа, друга текстови:), благодарение и на вас! поздрав!

sekoja cest na profesorot sto

sekoja cest na profesorot sto izlegol javno da go iskaze svoeto mislenje.
kratok konetar koj mozebi i ne e povrzan so glavnata tema na razgovor: zosto fi potcenuva ureduvacite na enterier!? mozda zvuci apsurdno komentiranjevo no poentata e deka nikade ne vodi kritika i omalovazuvanje na profesija.

Слични содржини

Општество / Јавни Простори
Општество / Јавни Простори
Општество / Јавни Простори / Технологија
Општество / Активизам / Јавни Простори

ОкоБоли главаВицФото