Заев не ги поттикна студентите, нивната борба е автентична!

13.02.2015 12:18
Заев не ги поттикна студентите, нивната борба е автентична!

Зоран Димитровски во последниот број на „Фокус“ застапува една многу, многу неточна, или, многу опасна теза: дека Заев „...попусто го обвинуваат дека им ја препуштил политичката битка на граѓаните...“ и дека Заев „... ги охрабрил студентите и синдикалците, новинарите и хонорарците, и другите граѓански здруженија да ја засилат својата борба за автономија, за правда и слобода“.

Оваа теза е неточна зашто граѓанската (зимска) пролет во Македонија е автономен, автентично граѓански процес, како резултат на постигнатата свест на граѓаните дека нема веќе да молчат и дека можат да си го вратат суверенитетот, да бидат активни политички фактори во оваа држава.

Оваа теза е опасна, зашто, скриено, им оди во прилог на оние кои постојано тврдат дека зад овие автентични граѓански изрази на отпор, стои политичка партија. Многу опасна и многу неодговорна теза.

Политичката борба на СДСМ и на Заев и граѓанскиот активизам треба да се гледаат како паралелни процеси. Тие сега имаат една цел - реставрација на демократијата во земјата. Но, граѓанските активизам никогаш нема да формира влада, а политичкиот субјект - да. И тогаш граѓаните ќе останат на истите позиции на кои се сега. И тогаш ќе го кренат својот глас против било која политичка гарнитура која ќе се обиде да ја злоупотреби демократијата.

Заради тоа треба да се направи се што може, граѓанскиот активизам да се подржи. Да се слават сите нивни мали и големи победи како резултат на автентичната граѓанска сила, Никој нема право таа сила да ја присвојува. Никој.

На крајот од овој текст, истиот автор заклучува дека намерата на Груевски „да воспостави трајна диктатура во Македонија, ќе остане во обид“. И додава „Тажно“. Зошто тажно? Зарем требаше да ја воспостави? Аматерска или логичка грешка, или...

Фејсбук статус на авторот

Фото: Ванчо Џамбаски