Горд татко

13.02.2015 19:06
Горд татко

Ви го пренесуваме Фејсбук статусот на Јовица Ивановски кој ноќеска и утрово со воодушевување се споделува на Фејсбук, а се однесува на Автономната зона на Студентскиот пленум:

Горд татко

Ќерка ми ноќва ќе ноќева
на Филолошкиот факултет
(нема врска што студира маркетинг).
Облечи некој подебел џемпер! – ù реков.
Ти треба и вреќа за спиење, перница, ќебе…
Веднаш срипав да ù направам сендвич
(бев во состојба и брако приколката
да ја отворам во атриумот),
но она ми кидна со едно тенко ранче
во кое немаше ни четкица за заби.
Дибек, си реков откако замина.
Ти ли си тој што спиеше по плажи,
што не ебаваше жива сила,
што си умислуваше дека си
задоцнето дете на цвеќето?
Пушти ја нека биде дел од она
што ти никогаш не си имал
можност да го доживееш
(68-ма немав ни осум одини).
Злато, се гордеам со тебе,
ќе ти се придужам во сабота –
ќе дојдам да видам што сум
пропуштил во младоста!

Фотографија: Ванчо Џамбаски

Слични содржини

Книжевност
Активизам / Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото