Никола Тодоров, имаш голема среќа што не сум јас татко на Тамара оти ќе те убиев без да трепнам!

14.02.2015 12:47
Никола Тодоров, имаш голема среќа што не сум јас татко на Тамара оти ќе те убиев како куче!

Го гледав интервјуто на Никола Тодоров за 24 вести и не ми се веруваше што слушам.

Три пати го гледав на интернет, просто се вртев во кревет како сврдел со лаптопот, да е нешто можеби до мене, можеби ми се спие затоа што беше доцна, 2.30 после полноќ, па да не нешто лошо слушам, но не, убаво сум слушал. Замислете која перверзија, прво ги направи жртви членовите на комисијата кои 10 месеци одолговлекувале за лекувањето на Тамара, првото барање било упатено уште во април 2014 година, демек тешка работа имале, требало да одлучуваат кој да добие шанса да се лечи, а од кого да се кренат раце и да не се трошат пари?! Тие се значи жртва, а не децата и родителите кои се вистинската жртва од оваа монструозна игра на државата по наредба токму нејзините први луѓе да се штеди онаму каде нема прилика за медиумски триумф и политички поени. Подобро лупни пари за триумфална порта за да се сликаат покрај неа запалените талибанци, отколку да дадеш пари за стотина деца годишно, колку се тоа, само илјада гласови?!

За потоа во интервјуто министерот да каже дека всушност не е сигурен дали воопшто имало грешка во системот?! Тој мисли дека е нормално 10 месеци да се чека за одлука дали да се даде пари за лекување во странство на дете кое е искривено под агол од 90 степени и кое се мачи како грешен ѓавол. Тој дури е и бесен што го обвинувале дека е виновен за смртта иако бил запознаен со случајот цело време, знаел сè за случајот, па дури и самата Софијанова призна дека добиле наредба од горе, значи од него да се чека отворање на некаков си центар за спинални операции и затоа се одлучило да не се прати Тамара на лекување?! Значи, се насетува дека тој не само што знаел а не реагирал, туку има сериозни индиции дека и самиот дал наредба да не се праќаат децата во странство затоа веројатно што сакал да заштеди, а и да се слика пред камери како што често обожава да го прави тоа за политички цели, дека, еве, отворил уште еден центар и дека е многу економичен и ги штеди народните пари.

Кога е здравјето на овие сонценца во прашање, тогаш се штеди, а кога треба да се купат фитнес справи за Грујо за да се вежба и да живее 110 години копилето диктаторско, тогаш може да се дадат 40.000 евра без мислење многу многу?! Гоца и Ставревски зборуваат за нејзината лимузина на снимката, вредна 50.000 евра, не зборуваат за Тамара или некое болно дете кое умира?! Можете да давате милиони евра за владини кампањи од кои дел одат и за дебели плати на Латас, Цаци, Јанко, Миленко, Сарма, Горан и останатите загари за да ве фалат и да ве бранат кога ќе усерете како сега, кога ви умре дете по ваша вина, можете да давате пари за фасади, споменици и за 40.000 евра народни пари вреден позлатен лав пред вашето ново партиско седиште, но за дечињава ви требаат 10 месеци да се мислите дали да дадете пари?! Така ли е, скотови едни скапани, бездушници едни, гремлини едни, чудовишта пореметени, гнаси едни, злоби едни, хиени едни!

Знаеш ли што Кољо, министре, нинџа мој, имаш голема среќа што јас не сум татко на Тамара, оти жими сè, ќе те убиев со голи раце копиле едно болно пореметено! Немаше да ми избегаш никако, ќе те убиев без да трепнам! И бери памет да не се најде некоја будала како мене во иднина со дете кое ќе ти умре пак вака, оти може нема да те видат пак твоите! И богами си заслужил зашто не можеш вака неказнето да изигруваш џелат и ти да решаваш кој ќе умре а кој ќе живее!

Да ти ебам јас тебе правниот систем ДПМНЕ-вски кој сега ќе одлучува кој бил крив! Што тоа ќе ѝ помогне на Тамара и на нејзините родители? Не е ова смрт од случајна сообраќајка, исход од операција и слични работи кои некогаш не можат да се избегнат. Ова е чисто убиство од немање жал, одговорност, сенс за чувство за осет за вредноста на човечкиот живот. Вие сите нас нè гледате како армија потрошлива стока, ние за вас сме бројки, 2 милиона овци, и неколку стотина загинати по патиштата кои не ги направивте цели девет години па испоцркавме по тоа црните точки, особено во Источна Македонија, кога се вози од Кратово накај Скопје од двете страни на секои 50 метри има венци и крстови како да возиш низ некој екс фронт од Прва светска војна, стотина загинати новороденчиња по што сме рекордери во светот, стотина загинати деца поради штедење и непраќање во странство, стотина загинати поради други експерименти, како на пример одлуката да ја смените терапијата на 50.000 дијабетичари само за да заштедите, сè се тоа само минорни бројчиња за вас, вие се однесувате како воени генерали кои на војниците гледаат како на топовско месо и потрошна стока, односно вие нè гледате одозгора со потценување, нè сметате за лебарки, глувци, пилци, муви, комарци...

Ти повторувам, имаш голема среќа, освести се, искористи ја, бери памет Кољо!

Извор: Мактел, 14.02.2015
Слики: Свирачиња