Три фрагменти за Тодоров, Миленко и Ахмети

15.02.2015 14:11
Три фрагменти за Тодоров, Миленко и Ахмети

Министерот дава фотелја за живот!

"Би ја менувал и функцијата, да можам да променам нешто, но за жал не можам!" (според ТВ 24 Часа)

Сакам да обрнам внимание само на првиот сврзник во изјавата на министерот на смртта по повод смртта на Тамара, најновата жртва на неговите реформи на лошото во смртоносно здравство!


За животот на Тамара тој би ја менувал "и" функцијата! Ја дава фотелјата за животот на Тамара! Во таа конструкција и интонација тој ја проценува вредноста на својата функција на повеќе детски животи, ама ете, поради вревата што се крена, спремен е да ја прифати таа жртва на нееквивалентноста меѓу тоа што тој го дава и тоа што веќе го дадоа Тамара и нејзиното семејство! Може да се каже и обратно: дека животот во неговите очи е многу евтина работа!

Затоа јас тврдам дека сите се чипирани, дека на времето биле некаде однесени и таму биле хемиски или физички чипирани со чипови на ненормалната ненормалност, на ненормалноста која во целокупната историја на човештвото не е забележана кај која и да е група хомо сапиенс!

***

Со кого си имаме работа, бе!

Само што влегов во омиленото кафе кога, оп, главниот менаџер фати да ме пипка по челото!

Не се плаши не се бој, ми рече пријателски, не е лигавка, не е шап, нема да ти требаат парите на Парнаџиева и на Тодоров, нема да умреш, мислам, од болест нема да умреш, продолжи, само сакам да ти ја видам дупката од чиодата со која Миленко сношти те закачи на својот телевизиски ѕид!
Кој Миленко, бе, која чиода, каква дупка, каков ѕид!? 

После разбрав дека некоја дебела глиста имала свое шоу во Канализацијата на чипираните идиоти на власта! Ја отворивме шахтата и - што ќе видиме - многу интересно предавање, со тоа што ми се виде дека глистата говори со растреперен глас, како да полагаше државен испит на факултетот за безрбетници на дното на груевистичката клоака! Како да ја беше фатила истата фуфка што малку пред тоа го беше фатила и Главниот уредник на Шител, па човекот настапи со инфантилната понуда Заев да му ги даде компромитирачките материјали за 15 минути време во негивиот дневник, а Бурекџијата успеа со помош на еден гледач да излезе од својата усмрдена урда и да се демолира самиот себе пред вклучените камери!

Од тоа што го видов и чув можам да кажам дека меѓу мноштвото ступидарии, лаги и евтини конструкции речиси за сите луѓе од Ѕидот на плачот на чипираните идиоти, оценката за мојата маленкост беше прилично коректна: јас навистина ширам говор и писмо, култура на омраза кон говњарите, кон глистите и стаорците, кон другите смрдливци што го окупираа јавниот простор, кон неверојатниот феномен што го илустрираат, ги мразам повеќе отколку што како дете го мразев рибиното масло со кое ме клукаа; во таа смисла сосема коректно бев ставен под прашањето "со кого си имаме работа, бе": да, мекотели, си имате работа и со мене, бе!

***

Ахмети порачува

Ахмети порачува дека дуи ќе им биде партнер на социјалдемократите ако овие решат да се вратат во собранието. Но, јас мислам дека власта и тој како власт се категории со кои партнерство во рамките на власта би можеле да посакаат само будали или кон корупција склони субјекти! Пред да даде каква било идеја, Ахмети мора да излезе на чист воздух! А можеби ниту тогаш!

Слики: Свирачиња
Фејсбук, 15.02.15.