Идеите што ги имаме за прислушување се од стари Бонд филмови

15.02.2015 22:47
Идеите што ги имаме за прислушување се од стари Бонд филмови

Идеите што ги имаме за прислушување се од стари Бонд филмови и сцени како онаа од „Sneakers“ со Роберт Редфорд. Тоа е романтично минато.

Со денешната технологија може се снима СЀ што протекува низ канали. Никој рачно не стиска record, туку целиот канал оди на харддиск. Потоа се преслушува назад по потреба. Тоа е и целиот проблем на bulk дигиталното прислушување и тоа е и суштината на многу дебати од Викиликс/Сноуден наваму.

Белки не мислите дека МВР си рекле во некој момент „еј, не снимаме зашто ни е полн харддискот“? Оваа дебата хипстерски беше разрешена уште пред 5-6 години, мислам кога уредникот на Wired се смееше на тоа дека шиткаат телефонски секретарки што снимаат максимум 100 пораки или така нешто… само додај поголем storage и тоа е тоа.

Така што, баталете муабет дали некој дал конкретен налог за тоа баш тој ден тој и тој разговор да се снима. Ако тоа што го тврди Зоран Заев е вистина, налогот за икс-те телефони бил дал еднаш некогаш и се снимало сѐ.

Технологијата тоа го дозволува. Не сме во 1970 па да мора некој дома да ти мести уред на фиксниот телефон и да пази да не го извадиш или откриеш.

Извор: therealpsmst.tumblr.com