Грујо, знам дека си луд и покварен до коска, ама имај усул шефе, можеш и доблесно да си заминеш, у реду е!

17.02.2015 02:55
Грујо, знам дека си луд и покварен до коска, ама имај усул шефе, можеш и доблесно да си заминеш, у реду е!

Грујо, не претерувај, имај мерка друже, не прекардашувај, немој да си алчен како мало дете, може ќе се лизнеш на кора од банана ако одиш по ќошот на провалијата, не си играј со државата, народот и на крајот на краиштата и со твоето семејство, затоа што немој да мислиш дека некој ќе биде поштеден ако решиш да одиш во некои црни сценарија!

Повлечи се мирно, имај барем малку доблест. У реду е, стварно! Малку ли ти беа 9 години премиер и 3 години министер, што повеќе сакаш? Колку години сакаш да владееш? Толку е векот на еден политичар, толку е рокот на траење, по 10 години во врвната политика на извршни функции политичарите веќе се истрошени и нивните финти и штосови веќе не поминуваат.

Ме лазат морници кога ќе помислам уште колку ќе владееше ти ако не беа бомбите, но што е тука е, сега тоа веќе е историја.

Грујо, уште еднаш да те замолам - замини си доблесно! Остави барем 200.000 Македонци да те сакаат додека си жив, ако продолжиш вака ќе останеш како Гадафи сам у некој канал и на крајот со стап у газот. Не е тоа фино, сигурен сум, лицето на Гадафи го кажуваше тоа.

Ајде, нема да те памтиме само по лошо, имаше и ти нешто добро, немој да очајуваш. Ќе ти ги пратиме и справите за вежбање за да вежбаш. Еве, сега ќе можеш заедно со Јанко Бурек да возиш точак по кеј и да слушаш техно колку сакаш. Ајде одмори малце, и ти си душа мајку му. Остави некој друг да покаже што знае и умее, тебе те видовме на дело и у реду е, добро е, доста беше.

Ајде сега шетај младичу, време ти е за друга фаза во животот, а богами и на нас...

Извор: Мактел
Слика: Свирачиња