Со каков фуфкаџија си имаме работа!

17.02.2015 12:21
Со каков фуфкаџија си имаме работа!

Пропагандистот на режимот, „новинарот“ кој ме тужи затоа што го нареков „медиумски шарлатан“, некни пак боцкал фотки со „предавници“ на неговиот „ѕид на срамот“.

И, на ѕидот со „предавници“ ставил и фотографија од Миленко и Мирка! Хахаха....

Ме прашува жена ми: „Зошто Миленко не те боцка со шпенадла? Ја би се осеќала лошо да сум на твое место.“

И, ете, сега мора да се објаснувам и правдам по дома, зошто не ме боцка Миленко на неговиот „Вуду“ ѕид.

А одговорот е едноставен.

На Миленко му фуфка од мене. Има долготраен страв и психолошки трауми од тоа што сум го нарекол „медиумски шарлатан“. Барем тоа пишува во психијатриското вештачење што лично Миленко ми го достави преку судот.

Миленко имал „психичко трпење“, „непријатно повторувани мисловни содржини“, „страшливи мисловни содржини“, „емоционална реакција на страв во вид на така наречена анксиозност“, „слободно лебдечки страв кој го преплавува целото тело“, „стресни ситуации“, „телесни симптоми како главоболка, стегање во вратот, треперење на телото, срцебиење, стегање во стомакот во вид на пеперутки, забрзана работа на цревата, нестабилност во нозете и др.“

И сето тоа го доживувал во период од три и пол месеци, откако ги гледал вестите во А1 во кои сум го нарекол „медиумски шарлатан“! Ова е потврдено од вешто лице психијатар - Д-р Александар Марцикиќ!

Чисто да си знаете, со каков фуфкаџија си имате работа!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња