Еротските илустрации на Аполонија Сеинтклер

17.02.2015 15:26
Еротските илустрации на Аполонија Сеинтклер

Во своите илустрации, уметницата Аполонија Сеинтклер го истражува телесното задоволство, интимноста и сексуалната експресивност на човекот. Во визуелните прикази, таа оди надвор од конвенционалните, клиширани еротски сцени и успева да ја „зароби“ еротската желба до детали.

Еден од показателите за нејзината умешност е и тоа што голем дел од илустрациите се вознемирувачки и предизвикуваат нелагодност. Испреплетувајќи го силниот еротизам со елементите на страшното и гротескното, таа нè потсетува дека сексот и смртта се познати љубовници, а копнежот често вклучува ризичен премин преку границите во мрачните предели и радикалните разлики.

„Работам компулзивно. Ги сликам приказните кои сметам дека се многу вознемирувачки и имам силна потреба да ги ставам моите фантазии во убава рамка“, го објаснува Сеинтклер својот творечки порив и процес.

Извор: apolloniasaintclair.tumblr.com

ОкоБоли главаВицФото