Што научивме од филмските хитови на 2009

16.02.2010 13:24
hangover.jpg

The Hangover

1. Ако мораш да нахраниш тигар кој се наоѓа затворен во бањата, треба да влезеш внатре и да ја затвориш вратата наместо само да ја отвориш, да му го фрлиш парчето месо и да побегнеш, затворајќи ја вратата зад себе.

2. Можеш лесно да се извлечеш со кражба на автомобил (плус пукање од огнено оружје) само со кокетирање со егото на полицаецот.

3. Откако ќе бидеш заборавен на покривот на хотелската зграда и ќе добие страшни изгореници од изложеноста на сонце, потоа ќе го отвориш покривот на твојот кабриолет автомобил и ќе започнеш долго патување до дома изложен на истото сонце.


Brüno

1. Мексиканците се многу удобни за седење врз нив.

2. Совршено е прифатливо да му направиш липосукција на твоето бебе од 15 килограми за да му тргнеш пет кила (посебно ако твоето бебе ќе биде облечено како нацист).

3. Мел Гибсон исто така е познат како „Der Führer“.

District 9

1. Вонземјаните конечно престанаа да се уриваат/да слетуваат само во САД.

2. Вселенски брод кој ќе остане без напојување сè уште може да лебди и покрај недостатокот од енергија.

3. Храната за мачки е како крек за вонземјаните.

Inglorious Basterds

1. Кога ја имате целата Наци-команда, вклучувајќи го и Хитлер, на филмска премиера, не ви се потребни повеќе од двајца вооружени стражари – зашто навистина нема потреба од дополнителни војници и трупи кои темелно ќе ги проверуваат сите посетители во потрага по бомби или експлозив, или други закани.

2. Хитлер сака да џвака гуми за џвакање додека гледа филмови.

3. Нацистичкиот иследник секогаш нарачува млеко како пијалок.

2012

1. Кога собираш животни за Ноевата арка, нема да ги собереш кравите, овците или свињите (животни кои го обезбедуваат човекот со храна и облека) туку попрво ќе ги спасуваш жирафите и носорозите, и потоа ќе ги вратиш во Африка, дел од светот кој и онака нема да биде поплавен.

2. Ако сакаш да ја преживееш 2012, земи неколку часови за пилот.

3. Русите попрво би зборувале на смешен англиски меѓу себе отколку на својот мајчин јазик.

G.I. Joe: The Rise of Cobra

1. Ако потрошиш 100 милиони долари на филм за играчки од 80-те години, луѓето ќе одат да го гледаат.

2. Армијата на САД има елитна подземна група од високо истренирани нинџи за борби против другите високо истренирани тајни нинџи.

3. Француската полиција ќе интервенира само откако половина од градот, безброј граѓани и нивните најпознати туристички паметници ќе бидат уништени.

Star Trek

1. Во иднина, Големиот кањон ќе биде преместен во Ајова.

2. Во иднина, сообраќајната полиција ќе биде заменета од лебдечки киборзи кои секому ќе се обраќаат со „граѓанину“.

3. Студирај на Машински ако сакаш да ја играш Star Trek drinking game.

Watchmen

1. Ако те дизинтегрираат и потоа повторно те состават, имаш дозвола да се шеташ наоколу гол.

2. Ако откриеш дека предизвикуваш рак секогаш можеш да започнеш нов живот на Марс.

3. Светскиот мир ја оправдува атомската војна.

Zombieland

1. Бил Мјуреј секогаш го има филмот Ghostbusters спремен во неговиот домашен ДВД плеер.

2. Зомбијата не можат да почувтсвуваат дали си човек ако изгледаш како еден од нив.

3. Фала му на бога за Јужњаците.

The Twilight Saga: New Moon

1. Врколаците, по дефиниција, секогаш мораат да имаат шест обликувани стомачни мускули и да ја искористат секоја можност да ги покажат, дури и ако тоа значи стоејќи полугол на дождот и чекајќи некој случаен минувач.

2. Ако некој вампир светка на сончева светлина тоа му дава ново значење на стихот „I wanna take a ride on your disco stick“.

3. Кога ќе се случи некое недоразбирање преку телефонскиот разговор, ти нема да го притиснеш копчето за повторно бирање на бројот, туку ќе отрчаш до последното место каде бил забележан тој што ти телефонирал.

Avatar

1. Џиновските диносауруско-летечки суштества разбираат англиски.

2. Косата на На’ви, всушност, не е вистинска коса.

3. Вонземјаните во вселената ги украле костумите на Индијанците и Африканците.


Извор: thisblogrules.com

ОкоБоли главаВицФото