Контра-пленумот организира контра-концерт: Каракамишева ќе ги пее песните на Цеца

19.02.2015 15:37
Контра-пленумот организира контра-концерт: Каракамишева ќе ги пее песните на Цеца

Скопје, 19 јануари 2015

По вчерашниот настап на бендот Дубиоза колектив во Автономната зона на студентите од Студентскиот пленум, со реакција се јави Контра-пленумот.

Од таму за утре најавуваат контра-концерт на кој очекуваат да соберат барем двојно повеќе студенти, односно контра-студенти. Ваквото очекување е прилично реално со оглед на името кое ќе се појави на сцената. Се работи за најпопуларната професорка и експерт од повеќе области, радио водителка и членка на надзорниот одбор на Македонски пошти – Тања Каракамишева.

„Граѓаните веќе многу добро ги знаат моите квалитети, експертизи и контра-експертизи од редица области и контра-области, но јас секогаш знам да изненадам. Многумина веројатно не знаат за овој мој талент, па утре ќе бидат пријатно изненадени и воодушевени. Ќе настапам со песните од новиот албум на Цеца, а доколку контра-студентите бараат, може да испеам и некоја од постарите песни. Сè на сè, очекувам одлична контра-забава“, изјави Каракамишева за Коза ностра во пресрет на утрешниот контра-концерт.

Извор: kozanostra.net