Одговорноста во оставка

20.02.2015 05:29
Одговорноста во оставка

Веста што ја објавија неколку портали, дека министерот за финансии Зоран Ставрески поднесол оставка, експресно ја демантираше портпаролот на Владата: „Тоа е тотална невистина. Вицепремиерот Ставрески во моментов ја води владината седница“. Како доказ дека се едно, и од ВМРО-ДПМНЕ ја демантираа веста со напомена дека нема да бидат изненадени доколку „вакви лаги се пласираат и во иднина, бидејќи тоа е стилот на опозицијата“.


Не само вмровците, туку сите треба да бидат изненадени ако во иднина се најде некој што ќе помисли, камоли да објави, дека функционер од ДПМНЕ поднесол оставка. Дури и да се случи, тоа ќе биде лага! По оние разговори со Горде (министерката за внатрешни) - што ги слушна целата јавност - во кои прашува дали средиле обвинителот да ја отфрли пријавата против него, единственото доблесно, морално, одговорно, логично, единственото што можеше да го направи Ставрески е да даде неотповиклива оставка и да замине, не само од функцијата министер. Но, тоа е стилот на опозицијата. Стилот на власта е никој, никогаш, во ниедна ситуација да не смее да помисли дека има причина да поднесе оставка. Со тој потег Ставре би ги повлекол сите удолу: колегата Нино, за смртта на малечката Тамара; колешката Горде, за убиството на младиот Мартин; неговиот кум, премерот Груевски за...

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња