Мачорот и птиците

20.02.2015 14:01
Мачорот и птиците

МАЧОРОТ И ПТИЦИТЕ

Кога слушнал дека птиците во кафезот се болни, мачорот отишол до кај нив и рекол дека е лекар и ќе ги излечи ако го пуштат да влезе.

„На која медицинска школа припаѓаш?“, го прашале птиците.

„Јас сум Мјаулопатист“, рекол мачорот.

„А дали некогаш си се занимавал со Одисидомапатија?“, прашале птиците, благо намигнувајќи.

Мачорот ја сфатил финтата и си заминал.

ЛАВОТ И ГЛУШЕЦОТ

Некој судија се разбудил од вревата што ја кренал некој адвокат кој обвинувал крадец. Целиот гневен сакал да го осуди крадецот на доживотен затвор, кога овој му рекол:

„Те молам да ме ослободиш, еден ден ќе ти се оддолжам за добрината.“

Задоволен и поласкан што е поткупен, иако само со празно ветување, судијата го пуштил. Набрзо потоа сфатил дека тоа било повеќе од празно ветување, затоа што кога станал крадец, самиот бил ослободен од другиот, кој во меѓувреме станал судија.

Превод: Иван Шопов

Слика: Budi Satria Kwan

ОкоБоли главаВицФото