Љубиша Георгиевски зборува за кодошки менталитет?!

20.02.2015 15:10
Љубиша Георгиевски зборува за кодошки менталитет?!

Абе, Љубиша!

Ти ли си оној Љубиша, син на Кендру Слаткаро од Битола?

Ако не си, однапред извини! Да не ти текне да ме тужиш!

Ама, ако си, ќе треба да ни одговориш на неколку прашања.

И, не се просеравај за кодошки менталитети!

Ако си син на Кендру, треба чесно да им кажеш на луѓето - до душа, ти беше мал, не ги разбираше толку политиките: што бараа генерал Маринов и шефот на бугарската полиција Ќурчиев нонстоп во слаткарницата на татко ти? Јадеа шампити или „грклани“? Велиш дека многу знаеш историја и географија! А знаеш кој беше Маринов? Тој што ги стрелаше ваташките младинци и што го запали селото Лафци за да му го честита роденденот на Цар Борис! А Ќурчиев? Ако си бил мал, си можел да прашаш подоцна. Е, него го ликвидира, среде улица во „твојата“ Битола, оној истиот што „твоите“ не сакаат да се споменува во историјата ниту како име на улица!

Зборуваш за кодошки менталитет? Ти? Зарем имаш образ да зборуваш за кодошење, ти, кога во својство на амбасадор во Б’лгарија на оваа Македонија се мајтапиш со нашите намачени македонски души во Бугарија и за твоите омилени б’лгарски медиуми изјавуваш: па такви се тие - двајца Македонци, а три партии!

И на крај, да те прашам: ти кажале ли некогаш твоите родители каде бегавте на крајот од војната качени на коњска кола? Зошто, од кого, каде?

Тебе, бедо една човечка, по војната не ти фалеше ни влакно од главата! Сè ти беше овозможено и дадено!

Затни ја таа твоја муцка и престани да се претставуваш за тоа што не си, ниту пак некогаш си бил!

А Битола нека се срами што ти даде награда за животно дело!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња