Злосторство и казна

22.02.2015 02:23
Злосторство и казна

Не знам дали забележавте, почитувани пријатели, но Сашо го опишува апсењето на Бошковски не само со високо ниво на садистичка наслада туку и со сериоза доза на несигурност, несигурност во законската и моралната издржаност на својата постапка, во самиот чин на апсењето и во понижувачкиот перформанс во кој бил претворен чинот на апсењето! Па бара од соговорниците потврда, декларација дека тоа што тој го направил им се допаѓа, дека го одобруваат неговиот потег и му се воодушевуваат!

Мене ми се чини дека неговиот чалам и лефтерност се типични за типови кои бараат компензации за проблемите што ги имале во детството или во раната младост, тој во својата функција ја пренесува сликата односно поведението на недостижниот маалски фраер од својата адолесцентна возраст и во таа проекција потсвесно бара надоместувања за своите детски и младешки фрустрации, а несигурноста му извира од погледот врз себеси пред години, односно од неверувањето дека може да биде нешто друго од тоа што е и од сознанието дека надвор од заштитата и моќта на партијата, на функцијата или на парите, тој и по толку години си останал ништо! Кај таквите типови ја нема пресметаноста на мафиотскиот кум туку го има импулсивниот гест, афективноста, многу лошата врска меѓу средствата, контекстот и целите што сака да ги постигне! Во апсењето на Бошковски, да речеме, има само спектакл, испроектирана фрустрација на главниот апсаџија, тука нема рационален повод и рационална цел, односно и тие се измислени и наместени, Сашо го апси само затоа што два дена пред тоа рекол дека ќе апси, сака да си ја потврди веродостојноста, но веќе во тоа време неговите пријатели кои корустољубиво му климаат со главите, многу убаво знаат дека целата операција е лудост... И затоа несреќата што ја предизвикува има во себе нешто инфантилно, нешто што е изнасилено, одглумено, вештачко, мислам за него и за нас посматрачите, додека за жртвите на неговите фрустрации несреќите се уште пострашни зашто луѓето многу добро знаат да ја одмерат разликата меѓу своето (зло)дело и казната што ги снашла! За смртоносните рани што ваквите типови им ги нанесуваат на државата и на општеството од позиција на власт- да не правиме муабет!

Извор: Фејсбук, 20.02.15.
Слика: Александар Ковачевски