Груевски, Мирка и Миленко ќе му упаднат на Јункер во Брисел

24.02.2015 14:49
Груевски, Мирка и Миленко ќе му упаднат на Јункер во Брисел

Скопје, 24 февруари 2015

Откако претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер ја откажа средбата со премиерот Груевски, Движењето за одбрана на Македонија смисли план за извојување уште една дипломатска победа на гостински терен.

Како што дознаваме од извори во Движењето, доколку Јункер не сака да го прими Груевски, тогаш Груевски самиот ќе му упадне на Јункер во седиштето на Европската Комисија во Брисел.

„Премиерот има искуство со упаѓања, впрочем тој успешно упадна кај професорите пред Александар Палас, но сепак, поинаку е кога упадот треба да се случи на гостински терен. Затоа тој побара помош од Мирка и од Миленко кои имаат искуство со упад и во самиот Брисел. Планот ќе се реализира во некој од наредните денови, и сите тројца ќе му упаднат на Јункер, па да видиме дали тогаш нема да оствари средба“, вели нашиот извор.

Планирано е упадот да биде конструктивен со повеќе упатени клетви кон претседателот на ЕК.

Извор: kozanostra.net