За Заев, храброста и стравот!

25.02.2015 15:58
За Заев, храброста и стравот!

Се трудам, не е дека не се трудам, да ги разберам менталните и психолошките механизми низ кои во јавниот дискурс се фирмира и обликува храброста на Заев како исклучителен феномен!

Или, можеби, сепак, можам нешто да кажам!

Обликувањето на Заев во фигура на нестварната храброст претставува ударничко негување на културата на стравот. Тоа им овозможува на луѓето да се испроектираат себеси и својот имагинарен кураж во лидерот на СДСМ, а кај себе да си го остават стравот. Како безбедносна опрема на објект кој е под заштита на самиот себе!

Колку е сето тоа погрешно покажуваат две работи: општеството ќе успее да се спаси и да се регенерира толку колку што ќе се ослободува од стравот, односно толку колку што ќе покаже спремност да ја освојува слободата (не да му ја освојува друг, некој исклучително храбар поединец) и, второ, потпирањето само на исклучителните особини на поединците претставува продолжување на праксата низ која што ја произведовме сопствената катастрофа.
Доволно е да кажам дека во сегашнава битка јас го поддржувам Заев и го охрабрувам да го засили нападот врз криминалот, па да се види дека работите можат да функционираат и без пумпање на непостоечките исклучителности!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња