Вестите на Сител ќе ги води Драган Павловиќ Латекс

26.02.2015 12:04
Вестите на Сител ќе ги води Драган Павловиќ Латекс

Скопје, 26 февруари 2015

Наместо досегашниот водител на вестите Драган Павловиќ Латас, главното место на информативната редакција на ТВ Сител ќе го заземе неговиот колега Драган Павловиќ Латекс, дознава редакцијата на Пара вести.

„Вестите на Сител со години беа куртон обичен. Од 12 прилози, 7 беа нарачани директно од власта. Такви куртон-вести има уште на неколку канали, па сакавме да се разликуваме од нив и да имаме вести кои се куртон необичен“, велат од Сител.

Тие откриваат дека во новите вести кои ќе ги води Драган Павловиќ Латекс сите прилози ќе бидат нарачани од власта, и токму тоа е промената која треба да ги направи необични во споредба со останатите куртони.

„Не е тајна дека имаме привилегии од оваа влада. Но, за тоа сакаме да испорачаме услуга. А има ли поголема медиумска услуга од куртонски вести“, изјави Драган Павловиќ Латекс за Пара вести.

За терминот, бојата, аромата, дебелината и еластичноста на новиот информативен куртон на Сител, дополнително ќе одлучи програмскиот директор и главен уредник на сите македонски режимски медиуми, Сашо Мијалков.

Слика: Александар Јосифовски