Враќајте ја МРТ на народот, АЈДЕ!

02.03.15 01:11

Членовите на АЈДЕ! – Платформата за граѓанска политика, мотивирани од потребата јавно да ѝ порачаат на Македонската радиотелевизија (МРТ) дека треба да биде сервис на граѓаните, а не владин мегафон, на 28 февруари (сабота), пред зградата на МРТ, организираа протестен перформанс.

Настанот започна со симболично рушење на триметарски картонски медиумски диктатор и со симнување на розовите очила што секој од учесниците ги носеше на себе.

Откако симболичниот медиумскиот диктатор падна, новинарите и граѓанските активисти Зоран Бојаровски, Сашка Цветковска, Инес Ефремова, Јана Коцевска и Билјана Бејкова, говореа за слободата на изразување, за слободата на медиумите, за пропагандата и за улогата на МРТ како јавен радиодифузен сервис на граѓаните.

Иако МТВ е сопственост на граѓаните, сепак полицијата сметаше дека треба да ја чува од двестемината што протестираа, па во непосредна близина распореди шест полициски Шкоди, две „Марици”, шест џипови со специјалци и две борни коли со водени топови. На патот кон Автокоманда имаше уште неколку борни возила, за секој случај.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото