Апстрактни математички концепти преведени во уметност

02.03.2015 01:57
Апстрактни математички концепти преведени во уметност

Анатолиј Тимофеевич Фоменко е руски математичар, професор, член на Руската академија на науките и очигледно талентиран човек кој ги прикажува апстрактните математички концепти низ уметност.

Уште од 70-тите па наваму, Фоменко создал повеќе од 280 графички дела. Неговиот сопствен опис на техниката која ја користи веројатно не звучи како ништо што до сега сте го слушнале. Тој никогаш не започнува со груби скици, туку финалниот цртеж „...Се појавува одеднаш во чиста копија, секој знак е конечен и мојата рака не се навраќа два пати на исто место“, вели Фоменко.

Тој ја споредува својата техника со процесот на развивање фотогафии, или како употреба на крпче за бришење дебел слој прашина од слика која што веќе постои. За своите слики вели дека можат да бидат набљудувани како фотографии на еден чуден, моќен и фантастичен математички свет. Свет кој си постои во согласност со своите закони, без оглед како ние го перцепираме истиот.

Интересен факт за овој уметник е тоа што се залага за радикална измена на хронологијата на историјата. Тој тврди дека многу историски настани не кореспондираат математички со датите на кои што наводно се случиле. Според ова, нагласува дека сета древна историја (вклучително онаа на Грција, Рим и Египет) е само рефлексија на настани кои се појавиле во средниот век, и дека целата кинеска и арапска историја е продукт фабрикуван од Језуитите во XVII и XVIII век.

Фоменко има напишано своја ревидирана верзија на историјата која се вика „Новата хронологија“ базирана на статистички корелации, математички и астрономски истражувања. Во секој случај, повеќето руски и светски научници ги сметаат неговите дела за псевдонаучни.

Извор: www.juxtapoz.com

ОкоБоли главаВицФото