„Бибер“ - регионален конкурс за краток расказ

02.03.2015 12:28
„Бибер“ - регионален конкурс за краток расказ

Со задоволство ве известуваме дека прв пат е отворен регионален конкурс за краток расказ„Бибер“. Темата на конкурсот е помирување во контекст на наследството од војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, особено во периодот 1991-2001.

Ги повикуваме сите автори и авторки кои пишуваат на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски и српски јазик да ги испратат своите раскази. Повикот се однесува на афирмирани автори и авторки, како и на оние кои досега немаат објавувано.

Конкурсот е отворен до 06.09.2015 година. Авторите/ките на трите најдобри раскази ќе бидат наградени со парични награди. Жири-комисијата ја сочинуваат Дорунтина Баша, Фарук Шехиќ и Бојан Кривокапиќ.

Конкурсот го организира тимот на „Бибер“ во соработка со Центарот за ненасилна акција Сараево-Белград.

Повеќе информации за условите на конкурсот и за наградите можете да најдете на страницата на „Бибер“: biber.nenasilje.org