Странски тајни служби ја натерале власта да забега

02.03.2015 18:35
Странски тајни служби ја натерале власта да забега

Скопје, 2 март 2015

Зад забегувањето на власта и нејзините лудачки постапки стојат странски тајни служби, пишува во најновото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Реакцијата на владејачката партија уследи по објавувањето на разговори меѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски, каде тие со одбрани зборови го рецензираат владеењето на нивната партија.

„Зоран Заев се закопа со оваа прес конференција и призна дека зад забегувањето и криминалното работење на ВМРО-ДПМНЕ стојат странски тајни служби. Странските разузнувачи се одговорни за тоа што Владимир Талевски е неспособен и невиден криминалец, за тоа што Миле Јанакиевски е едно од најголемите копилиња, како и за губењето контакт со реалноста на Никола Груевски – факти што ги дознавме од министерот за финансии“, го коментираат од ДПМНЕ телефонското излагање на Ставревски.

„Со посебна тактичка опрема и невидливи комбиња, странските служби го зголемувале нагонот за криминал на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ. Биле инсталирани подвижни лудачки базни станици, кои особено го поттикнувале апетитот на политичарите за чоколадо, додека ја намалувале нивната потреба за леб“, велат од ДПМНЕ.

Изворите од странски служби со кои контактираше редакцијата на Пара вести ги потврдија овие наоди, но се оградија од проектот Скопје 2014 и спомениците во центарот на Скопје.

„Овој прескап проект беше мистерија и за нас. Консултиравме разузнувачи од повеќе светски служби, но никој од колегите немаше видено ниту спроведено операција за полудување на некоја власт од ваков тип“, коментира нашиот извор од странство кој сакаше да остане анонимен.

Покрај мистеријата за Скопје 2014, останува тајна и кој стои зад снемувањето парно кај  Валентина Божиновска, со оглед на тоа дека нашиот извор само загадочно се насмеа на тоа прашање.

Слика: Странски служби