Редакцијата на Мактел им праќа подарок на Бетмен, Трендо и дечките од Офф.Нет!

03.03.2015 02:00
Редакцијата на Мактел им праќа подарок на Бетмен, Трендо и дечките од Офф.Нет!

Пред околу две недели, Бетмен на својот Фејсбук профил напиша драматичен пост во кој им вети на своите фанови дека будно ќе следи што се објавува во бомбите и за сето тоа ќе коментира без ракавици, затоа што Македонија нему му била пред сè!

Но еве, почнаа да пукаат бомбите, дознаваме за секакви луди и страшни работи, кревање објекти во воздух со динамит поради одмазда, менување на ДУП и ГУП како што ќе им текнело на курот на Груевци, средување на Велија на Сашов начин, средување на Љубе со пиштол во уста, сотирање на комуњарите и членовите на ОМ, испрашување на судија дали е од нивните, признавање за поткуп на медиум со два милиона евра годишно, и признание дека резултат од тоа се куртон вести, признание дека Латас барал од судии да му пресудат во негова корист, местење на претседател на врховен суд од шеф на тајна служба, признание на министер за правда во разговор со министер за внатрешни дека ги имаат преземено сите судови со разни мешетарења и обработки на судиите по системот на-ти-го-дај-ми-го, признание дека се праќале автобусите на опозицијата на технички преглед, признание дека се бркале новинари од МТВ како да се канти за ѓубре, итн, итн., и од сето тоа Бетмен тури неколу јадачки за Јанкуловска и потоа замолче, па еве, за неколку денови си пушта песнички од Ролинг Стоунс и слични заебанции, жив го нема да се јави. Трендо бетер, па фатил да се правда и да се расправа со Милчин и со мене.

Очигледно е дека дечкиве имаат сериозен проблем. Ние од Мактел сакаме да им излеземе во пресрет. Затоа им праќаме еден подарок од нас, еве и ние малце да помогнеме, па им праќаме лупа за да кога си ги шишаат јајцата, не си ги исечат, за да можат да ги видат подобро, нема смисла, сакаме да спасиме целосна трагедија во редакцијата на Офф.Нет.

Извор: Мактел, 2.03.2015.