22 прашања за екстерно

04.03.2015 11:13
22 прашања за екстерно

1. Кратенката ФЦ означува:

а) фудбалски клуб
б) центарфор
в) Фијат Цаноски

2. Фул сезона на годишни одмори почнува на:

а) 1 август
б) 2 август
в) 20 јули
г) 25 јули

3. Зграда се руши:

а) со модерен вол
б) со динамит
в) согласно Уставот и законите

4. Што е трагедија?

а) Ништо не е трагедија
б) Вид драмско дело
в) Кога 5% од буџетот ти оди за култура

5. Дали iPhone 305 има front camera?

а) да
б) не

6. Ако немаш леб:

а) позајмуваш пари за да купиш
б) замесуваш тесто
в) купуваш чоколадо

7. Што е причина за радост?

а) љубовта
б) малите нешта
в) да има плочки во купатило

8. Владимир Талески е:

а) актер
б) градоначалник на Битола
в) блефер
г) криминалец
д) лигле

9. На ќебињата во МВР пишува:

а) 100% волна
б) Сè е согласно Уставот и законот
в) ЈНА

10. ВМРО ДПМНЕ спроведува:

а) преродба во 100 чекори
б) преродба во 100 слики
в) преродба во 100 споменици
г) што и да спроведува, спроведува повеќе од СДСМ

11. Кој збор што го употребуваат комуњарите оригинално ги опишува властодршците?

а) забегани
б) заведени
в) заседени
г) затуцани

12. Најмногу енергија се троши кога:

а) составуваш буџет
б) копаш сам каменолом на раце
в) го браниш неодбранливото

13. Кога правиш прослава најбитно е да:

а) закупиш локал
б) купиш храна и пијалаци
в) ги резервираш Владо и Калиопи

14. Аиво Орав е:

а) копиљ
б) сељак
в) исфрустриран
г) Евро-амбасадор

15. Договорот со Транскоп за превоз на ученици е:

а) добар
б) коруптивен до даска
в) во согласност со Уставот и законите

16. Коце:

а) прави улици и патишта
б) сече дрва
в) дава поддршка за сите матни работи и гледа да те намести

17. По враќањето од Турција, премиерот требало:

а) да каже „фала Зоран“
б) да праша што згрешил Дане
в) да си поднесе оставка
г) да иде упм заедно со Дане

18. Дане е:

а) директор на Лотарија
б) копук
в) газда на кафана на клучна локација

19. Системот на нашата држава е:

а) европски
б) демократски
в) кафана- систем

20. Дополни го исказот:

„Кафаната си е кафана, а институцијата со којашто раководиш е ____________?“

21. Клучот на успехот е:

а) напорно да работиш
б) да работиш согласно Уставот и законите
в) да праќаш СМС-и

22. За да те изберат во Основен суд треба:

а) да си стручен и професионален
б) да работиш согласно Уставот и законите
в) да си член на Партијата
г) да фатиш тешки врски

Извор: www.facebook.com/viktor.vangelov.18

ОкоБоли главаВицФото