Кртот е попски син

04.03.2015 13:03
Кртот е попски син

Си бил еден сиромав чоек, смирен веќе како некоја бубалчица. Сета стока му била само една нива. Си ја орал, си ја копал и со неа куќата си ја ранел сиромашки.

До нивата од сиромаио имало една нива од еден поп. Секоја година попот кога ја орал, сè надоруал по една бразда од сиромаиот. Гледајќи сиромаиот оти му надоруал попо, еден ден му отишол дома и му се оплакал на попот и му рекол:

-За ошто, оче свети, ми ја надоруаш нивата секоја година по неколку бразди? Лели е греота, бре попе, и страмота од мојата нива да земаш, што само таја ми ет, со неа се ранам со сеtа куќа?

-Ај бегај оттука, бре, никаквику, му рекол попо на лутина, - кај имаш нива ти, бре?

-Море, како да немам нива, попе бре, - му рекол сиромаиот жалоито - кога сум комшиа со тебе?

-Бре, да зер ти си што ми ја ораш нивата моја? - му рекол попо понаврекнато. Јас пак чинев оти пољако ја орал за параспур. Лели се научив сега оти ти си, ако те видам уште еднаш да влезиш во нивата, коските ќе ти окршам, вака да знаиш!

Кога чу сиромаиот тие зборои од попо, беше се замајал и фатил да му се молит. Го молил, го галил поп сиромаиот, ѓоа да му речи оти нивата е негоа. Никако попо не му кандисуал да му се откажит. Најпосле, беше измислил попо еден попски марифет:

-А бре, море чоек - му рекол попо, - јас те гледам оти ти си се ошутил, знаиш оти можам со нивата испат да ти го сторам? Утре, боже поможи, дојди овде и ќе појдиме на нива, ќе ја прашаме чоја ет, сама нека кажит!

На тој збор, кога го чул сиромаиот, со радос беше склонил и му бакнал рака на попо, та си отишол прао на нива и ја прашал:

-Ниво мори, сестро, чија си? Дали моја, дали од попот?

Бре, братко, ич зборуа нива!

-Е, шуќур, си рекол сам со себе, - нивата ќе биди моја, еве нема да зборуат и да кажит, али је моја, али е од попот. Затоа таа нема да речи сум од попо.

Утредента му отишол сиромаиот кај попо и отишле кај нивата. Застанале сред нива и го натерал попо сиромаиот да ја прашат нивата чија ет.

-Кажи, мори ниво, чија си: дали од попо, дали моја? - ја прашал сиромаиот.

-Од попо, од попо сум! - прогоорила нивата. Ами чија сум?

Втори пат ја прашал сиромаиот нивата, треќи пат ја прашал. Нивата сите три пати така се озвала.

-Е, бре бесрамнику - му рекол попо, - видиш оти нивата сама кај кажуа оти е моја?

-Оф, попе, попе - рекол плачејќи сиромаиот, - на душа ја зеде нивата, што си ранив челатта туку господ да те суди и тебе и нивата.

Тоа рече сиромаиот и прекрсти раце, свитка глаата наудолу и си отиде плачејќи дома.

Марифетот од попо беше му бил еве каков: беше ископал во нивата една дупка ноќта и беше го клал сина си внатре, за тој да одгоорит.

Откоа си ошол сиромаиот дома, го откопал попо сина си и кога гледат син му го немат. Ами што имало? Еден крт во дупката.

-Каква ќе бидит оваа работа? - си рекол сам со себе попо. - Што се стори детево од дупкава?

-Детето се стори крт, попе, - прогоорил кртот, - и еве види ме уште сега оти ќе се скријам в земи и до веќи вај в земи ќе седам од твојата неправина, што ја стори на сиромаиот.

Тоа рече кртот (син му од попо) и се шукна во дупката што беше ја ископал.

Кога чул попо збороите од сина си и кога го видел оти се стори крт, беше се фатил за вилици и тргнал со рацете наудолу, да си истргал брдата. Од тој себеп и ден денеска попоите од жалта на стореното дете крт, кај си носат бради.

Извор: Преданија и легенди, избор и редакција: д-р Кирил Пенушлиски, Македонска книга, Скопје, 1969.

Слики: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото