Ректорот Стојковски ќе ги тужи и „Њујорк тајмс“ и „Шарли Ебдо“ – се препознал на нивни карикатури

04.03.2015 15:56
Ректорот Стојковски ќе ги тужи и „Њујорк тајмс“ и „Шарли Ебдо“ – се препознал на нивни карикатури

Скопје, 4 март 2015

Откако до редакцијата на „Окно“ стигна писмо од адвокатската канцеларија Апостолски, која го застапува ректорот на УКИМ Велимир Стојковски, а во кое се бара повлекување и извинување на „дадени изјави кои содржат навреди и клевети против проф. д-р Стојковски“ за сатиричен текст од рубриката Пара вести, стасаа најави и за нови тужби.

Имено, покрај споменатата „проблематична статија“, правниот тим на првиот човек на УКИМ евидентирал уште неколку спорни моменти надвор од македонските медуми. Лоцирани се спорни карикатури во „Њујорк тајмс“ и во „Шарли Ебдо“ во кои ректорот се препознал и преку своите адвокати со писмо ги известил за своите намери да ги тужи.

„Коза ностра“ дојде до споменатите карикатури и ние како редакција можеме да ја потврдиме неодоливата сличност на истите со ликот и делото на споменатиот ректор, како и оправданоста на заканите за тужби.

Извор: kozanostra.net