По повод заканата за тужба од ректорот до Окно

05.03.2015 01:23
По повод заканата за тужба од ректорот до Окно

Повод: тужбата на Ректорот до Окно. Освен Окно и сама скромно понудив перформанс

 

Го давам на увид моето писмо пратено до 521 професор од Професорскиот Пленум на затворена Гугл листа.

Испратено е на 2 март 2015, а по повод новата тура преговори што Ректорот на УКИМ ја закажа за четврток, 5 март, со Министерството за образование, со претставници од разни сектори од високото образование, како и со Студентскиот и со Професорскиот пленум, а по повод работата врз нов Закон за Високото образование.

Предлагам мал двочасовен перформанс пред почетокот на преговорите во четврток. Перформансот не е упатен кон членовите на ПП. Членовите на ПП, заедно со СП, како луди работеа и работат на спречување на лудилото во Високото образование.

Овој перформанс е упатен кон РЕКТОРОТ, за кого веќе претпоставуваме дека ги чита (или дека му ги препраќаат) писмата од нашата Гугл листа. Затоа:

Драг Ректоре,

Пред состанокот во четврток, а како член на ПП, го предлагам следниов триетапен перформанс:

1) Прв чекор. Како Ректор на однапред закажан прес јавно да обзнаните дека работното место возач на самиот себеси, сте си го доделиле повторно на самиот себеси! И дека во иднина себеси ќе се возите до и од своето работно место, како и сите ние.

За тие што не знаат, во време на траењето на Автономната академска зона низ Р. Македонија, Ректоратот на УКИМ ладно си објави јавен оглас за работно место возач на Ректорот со плата од 24,800,00 нето: 

2) Втор чекор. На истиот прес, како Ректор да го донирате службениот мерцедес, платен од буџетски пари како возило за Брза помош. За возврат, да го пријавите своето приватно возило (кое годе го поседувате) за идно ректорско возило. Со него, како и сите ние, во иднина да се развозувате каде и да треба да стигнете. Повторно, како и сите ние.

3) Трет чекор. Пред почетокот на состанокот да одржите 1.44 минутно молчење и слушање на шестиот разговор помеѓу министерката за внатрешни и помеѓу министерот за финансии, достапен овде.

Во духот на добростоечките односи помеѓу Вас како Ректор на УКИМ и помеѓу Министерот за финансии (од погорниот клип) како важен чинител во првата рунда преговори, испратен од Владата да преговара за Високото образование, со овој чин ќе покажете емпатија и разбирање за сложената душевна состојба во која се наоѓа/ и се наоѓал Министерот пред да седне на преговарачката маса со интелигенцијата во земјава.

Доколку Министерот за финансии е физички отустен од четврточната средба, со овој мал знак внимание, ќе ја покажеме должната почит кон неговата сеопшта присутност, но ќе покажеме и разбирање за неговата нималку лесна задача во која бил втурнат веројатно не по своја заслуга. Можеби дури и како казна.

Како ПП ние и понатаму ќе работиме на што е можно подобар и поевропски Закон за високото образование.

По овој мал знак внимание, преговорите успешно ќе започнат!

Поздрав,

Јасна

Слика: Свирачиња

Слични содржини

Став
Пандалф Вулкански

ОкоБоли главаВицФото