1016 hPa
48 %
26 °C
Скопје - Саб, 07.09.2024 19:59
Пајак во бања. Позната слика, дотолку:
Можеби важна но сигурно загадочна.
Неподвижно суштество и надуено малку,
Исправена решетка со изглед чист:
Наместо грижа сожалување и завист.
Утредента изненадувачки го наоѓаш таму.
Како да се мрднал сантим или два, можеби.
Познатиот изглед брзо го добива потаму,
Затвореник кому времето е откорнато поглавје:
Непристојна тетка заборавена во поткровје.
Очигледно дошол низ одводната цевка,
А од рамнодушност или незнаење по тој пат
Не брза да се врати. Ситуацијата му е кревка
Оти чудни натрапници мрдаат безбели
Околу секојдневните познати му мебели.
Човек е зорт пред убиство; така листот хартија
Лизна под помирливите нозе, а пред прогонетиот
Прозорецот на бањата се отвори како партија,
Светли растителни светленца што се ситнат
Врз бакарна бука - е таму беше џитнат.
Пожелно би било сите мачни нешта лесно
Да ги исфрлиме од дома. Но натаженоста и грижата
Спрема сопствениот вид сепак доблесно
живеат во познатата слика, и прочуена:
Полусакано неподвижно суштество со става надуена.
Препев: П. В.
Рој Фулер (Roy Fuller, 1912-1991), англиски поет и писател. Предавал поезија на Оксфорд. Еден период бил раководител на BBC и член на Уметничкиот совет на Велика Британија. Објавил речиси 30 стихозбирки, осум романи, повеќе книги за деца, мемоари...