Поздрав до моите провладини пријатели

06.03.2015 13:09
Поздрав до моите провладини пријатели

Мала рекапитулација за досегашниот тек на „бомбашкиот процес“. Што е тоа што дознавме, или веќе го знаевме, а ни се потврди надвор од секакво сомнение со објавувањето на снимките на Заев?

Од самиот факт дека ПОСТОЈАТ снимките, чија автентичност е неспорна, докажано е дека:

- Масовно сме прислушувани, незаконски и без правна основа. Останува да го видиме доказот за тоа КОЈ точно прислушувал, но засега има многу назнаки дека тоа го вршеле структури во самата УБК. Но, во секој случај, ДОКАЖАНО е дека се снимани, следени, користени за непознати цели голем број приватни и службени разговори на високи функционери од власта, од опозицијата, носители на највисоки судски функции, интелектуалци, јавни личности... сè до членови на нивни семејства и случајни соговорници. НЕКОЈ непрeчено влегувал во интимата, комункациите, плановите, намерите, веројатно и службените и деловни тајни на илјадници граѓани. Во тоа соработувале, или барем не реагирале, а морале да знаат и сите мобилни оператори.

Од СОДРЖИНАТА на дел од тие разговори, презентирани од опозицијата, се докажува дека оваа власт, или конкретно, ликовите кои досега продефилираа Мијалков, Јанкуловска, Груевски, Ставрески...:

- Апсолутно командува, диригира, злоупотребува дел од медиумите (за тие три весници не се секирајте, тие ми се пицикато),
-се обидува да воспостави контрола и врз останатите медиуми, (.. но што правиме со другите говеда),
- нарачува прилози (прати ми камери за апсењето, .. и тоа со динамит, да не тупиме, и гледај тоа да биде добро медиумски покриено,)
- наложува конкретни непрофесионални медиумски техники (не ми заматувај таму лица, ...па одберете поненасилни (фотоографии),
- ги поткупува медиумите (...два милиони евра годишно ви истураме у Сител, за тие пари телевизија ќе напраам),
- цензурира новинарски прилози (е Лиле нема да прави таков прилог),
- застрашува новинари (или ќе лета!),
- ги рецензира новинарските производи и врши притисок врз телевизиите да се ускладат со нејзините потреби (слабо ми е тоа, на Канал 5 беше трипут боље),
- се обидува да ја диктира програмската шема (зашто не ги вратите вестите у девет сред избори, тогаш се најгледани (С.М.)).

Се докажува и дека постојат новинари кои признаваат дека свесно делуваат како пропагандисти во корист на владата (ја знам дека имам привилегии и одработуем, и тоа е поштено..(ДЛП)) и дека тоа влијае на нивниот новинарски труд (вестиве на Сител ни се куртон, од дванаесет прилози седум се пропаганда на ВМРО...)

Од СОДРЖИНАТА на разговорите исто така недвојбено се докажува дека оваа извршна власт:

- Апсолутно ја контролира, ја манипулира и ја злоупотребува судската власт, обвинителството (Зврлевски) и судовите, (Латас против апелација)
- не дозволува владење на правото, блокира процесирање кривични пријави кон високи владини функционери (Зврлевски отфрла кривична пријава по налог на Јанкулоска),
- селектира и наметнува политички подобни кадри (Дали е „наш“ прилепскиот судија) со цел да ја контролира нивната работа,
- нарачува судски одлуки на апелацискиот суд (Филимена) по интервенција на неа блиски јавни личности (Латас).

Исто така:

- Монтира политички апсења (Љубе Бошковски) и други противправни егзекуции (Космос, Фиат Цаноски),
- врши судска ликвидација на медиуми и нивни сопственици (ја Велија ви го апсам, ви ја вршам прљавата работа...)
- признава политичка мотивација на судски процес (ја реков, по избори апсам)
- признава судска местенка (све му е напакувано),
- издава налози за тортура во затвор (ќе му пратам наркомани да го ебат у затвор)...

Згора на тоа:

- Злоупотребува надлежности на локалната самоуправа и инспекциските служби во функција на политички реваншизам. Премиерот со предумисла, тенденциозно ѝ наложува на локална самоуправа менување на ДУП и ГУП за да се исконструира правна основа за да се прогласи почнат градежен објект ( „Космос“) за противзаконска и да се урне, без право да се испита нужноста од тоа. Плус, командува со операција на уривање за што не е стручен, при што може да предизвика општа опасност и загрозување човечки животи.

- Злоупотребува ресурси на МВР за да осуети функционирање на политичките конкуренти (измислен технички преглед за автобусите тргнати на митинг)

- Незаконски и неосновано брка вработени во јавна администрација поради политичка одмазда (да направиме еден список, сите да ги сотреме...)

- Незаконски врши буџетски трансфери без ребаланс на Буџетот (нека префрли половина милион евра за документарци, пиши за македонската борба за слобода...)

- Ги злоупотребува јавните набавки - Премиерот вршел притисок министрите да потпишат противзаконски договор без тендер (... Владо и Миле не потпишуваат и у право се шо не потпишуваат...)

- Поттикнува насилство, граѓански немири и нарушување на јавниот ред - Министерот за внатрешни признава дека неговата партија ги поттикнала насилните протести и демолирање на оштина Центар

- Прикрива сознанија за корупција кај јавни функционери - Министер за финансии признава дека градоначалник склучил коруптивен договор за транспорт на ученици со цени 10 пати повисоки од реалните.

-------
Драги мои,

Листата е отворена, ако имате сила проодолжете ја, мене ми се слоши. Ова ми е повеќе од доволно да барам јасно, гласно, јавно и секако, целата оваа влада комплет и по делови да си поднесе ОСТАВКА И ОСТАВКИ, а потоа колку што е можно секој поединечно да одговара за сторените кривични дела. И да замине во историјата, верувам во нејзиниот најгрд дел. Од мене толку, други бомби ич не ми требаат.

Алал да им е на сите мои познаници кои и покрај оваа листа наоѓаат причини, изговори или аргументи таква оставка да не бараат или да прават напори до неа да не дојде, односно и натаму да заговараат статус кво. Каков ли желудник имаат! Тие, поточно нивната инерција или себичниост, се вистинската кочница за излез од овој ќорсокак! На нив се држи овој режим и не попупшта, иако се зборува против него и нужноста да демисионира! Ова се однесува на моите, (ако уште ги имам) провладини пријатели и познаници, новинари и интелектуалци, вмровци или обични овци – ЌЕ ЧЕКАТЕ ДА СЕ ДОКАЖЕ ДЕКА ВАШИТЕ ЉУБИМЦИ СЕЧАТ ГЛАВИ, ЈАДАТ ЖИВИ ДЕЦА ЗА ДОРУЧЕК, ПИЈАТ КРВ ОД БЕБИЊА, НАРАЧУВААТ МАСОВНИ ЛИКВИДАЦИИ И СЕЧАТ ГЛАВИ, ЗА ДА ИМ ГО СВРТИТЕ ГРБОТ, ИЛИ ОВА ГОРЕ ВИ Е ДОВОЛНО?!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слики: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото