„Еден на еден“ - песна снимена од музичари заглавени во лифт

06.03.2015 14:31
„Еден на еден“ - песна снимена од музичари заглавени во лифт

Синоќа со Ѓорѓе Јовановиќ бевме во посета кај лицето Н.Г. И на заминување, среќни и заруменети, се заглавивме во лифт. Запаничени, комшиите трчаа нагоре-надолу, подрумските стаорци си ги јадеа опашките, додека неонките трепкаа со своите големи очиња со намера да го шармираат демонот на зградата. Ние си имавме еден кинески акустичен бас и игнорирајќи ги сите панични чекори околу нас, си пеевме песнички за нашата судба.

Една дури и снимивме (во лифтот): византолика клаустофобична песничка/репортажа со мил наслов „Еден на Еден“. Не уживајте!

Поради немилата случка која Јовановиќ и Лукаш креативно ја искористија, потсетуваме и на една пророчка анимација на Ѓорѓе Јовановиќ од 2006 година - „Заглавен“.